Сори за доцнење, ама не сум седнал на компјутер, а од телефон ме мрзи да пишуем толку. Ениху...
тоа беше прашак или ампула?
уствари, ај ти како неколку годишен чувач на пес, и кој МОРАМ ДА ТЕ ПОФАЛАМ И ДА ИЗДАДАМ НЕШТО ЗА ТЕБЕ, човек кој дебеееело и детално навлегува во секоја проблематика, да ја појасниш разликата помеѓу
-ампула
-прашак
-ремче
за заштита од посочените штетници.. што е подобро, што има своја предност и што има штетност врз песот а и околината (човекот нели)...
Некој праша претходно, Advantix е ампула за заштита на кучето од разно разни штетници, меѓу кои најполезна е за борба против крлежи и болви.
Вака сеа, можам да кажам за препаратите кои ние ги имаме користено, во случајов ампула и ремче.
- Има ампули Frontline Combo, кои се најчесто полесно достапни, и има Advantix (Bayer), кои може да се попроблематични за наоѓање (од тие јас што ги знам, може има и други). Фронтлајн не се лоши, би завршиле работа, ама Адвантиксот се поефикасни и имаат поопширен домен на дејство односно, не се само против болви и крлежи. Најефикасна заштита е со ампула, која се нанесува на 4 точки на рбетот на кучето. Големината и дозирањето на ампулата зависат од тежината на кучето. Препорачливо е, барем 24 часа по нанесувањето на ампулата, кучето да не се бања, или шета на дожд (ваљда никој намерно не би шетал на дожд иако и тоа ми се дешавало кога морало, ама како и да е, може да се задеси при шетање, па тогаш треба да се тргнете на страна). Заштитата со ампула треба да се повторува на секои месец ипол или два, во зависност од големината, крзното, дали ве фаќало дожд, дали е бањато кучето итн. Најдобро е да прашате стручно лице во врска со ова. Не знам која цена е Адвантикс кај нас, ние ги земавме од Австрија.
- Ремчето кај нас се покажа како одличен заштитник од болви и крлежи. Мислам и тоа дека беше од Баер, ама не сум баш најсигурен. Кај Диме, продажна цена лани му беше околу 900 денари. Временски гледано, ремчето може подолго да се користи за разлика од ампулата, меѓутоа не е до толку ефикасно како заштита. Моја препорака е, првин кучето да добие третман со ампула, па после околу месец ипол, да му се стави ремче, наместо нова ампула. Потенцијален проблем може да се појави во облик на иритација на кожата, каде што е ремчето. Во тој случај, треба да се отстрани ремчето и да се третираат раничките соодветно. Ремчето е уште поосетливо на вода, така да, доколку кучето има ремче, пожелно е и при најблаг контакт со влага, да се тргне. Ни под разно не треба да се остави ремчето во случај на дожд, а камо ли бањање. Едноставно, многу ефективно ќе му се ускрати векот на траење. Заштитата со ремче може да потрае и повеќе од 6 месеци, доколку се води сметка на горенаведените ситуации, во кои може да се намали неговото заштитно дејство.
Ниедно од овие средства не се директно штетни за човекот (освен ако не се реши да ги консумира, мада не би знаел зошто некој би го направил тоа).
Би препорачал редовно да администрирате заштита против срцеви и цревни паразити.
Лани препаратот за срцеви паразити не беше баш лесно достапен кај нас, па ние земавме од Словенија. Не сум прашал во скоро време дали имаат добиено или не.
Препаратот за цревни паразити е најчесто многу лесно достапен. Се вика Dehinel Plus. Информирајте се подетално кај ветеринарот, во врска со начини и интервали на администрација.
Мене мачката ми ја испојадоа крлежи. Мака изнамачив да и ги извадам. 3 комада извадив, уште 3 комада останаа за утре.
Гревче мачето. Однесете го на ветеринар да си добие соодветен третман за заштита. Плус, се надевам дека знаеш техника на вадење на крлежи, бидејќи ако се улеташ да тегнеш, може да му остане главата закачена под кожа и да направи инфекција.