баш ги фатил бесот... инаку за тортите... покрај таа за “гостите“ т.е. за споствениците на љубимците, има и една специјална кучешка торта.. правена е со еден куп разни работи... знам се спомињаа мелено месо од ова, па од она, па виршли, па тестенини, па незнам што се уште, па украсена со чапи и рендано шоколода за кучиња... се тоа до тука е ок... ама да организираш сетоа тоа да се дешава во парк некој, кај што ке дојдат луѓе со други кучиња, па свирки, капи, слики, позирања, конфети и ред други работи е претерано... претпоставувам дека на кучињата им е интересно и дека разбираат нешто од нешто, бидејки и јас имав кучка скоро 15 години ја чував и знам дека сваќаат, ама до толку помпезност и пување не верувам дека ја сваќаат... а и имам од друга страна причина да верувам дека сето ова го направија од што им е досадно... кучето не слави прв роденден... 3-ти или 4-ти му е, не сум баш доволно информиран

еве го “славеникот“


a да... а што викаш и да му направиш фејсбук профил на кучето?

е ова има фејсбук профил со околу 200 слики и редовно се закачуваат нови...

инаку не зборам за љубовта кон љубимецот-кучето... далеку од тоа... ова куче е едно од нај шетаните... и во грција иде, и во србија иде, и во шпанија има идено... и е мило куче, мирен, паметен одвреме навреме со некои глупи постапки, но воглавном многу толерантен пес кон деца, ама пичка жива е кога треба да се покаже.. абе бега од мачки

... одбрамбен став има нула... прв бега когаке згусне нешто... а да.. има уловено кокошка еднаш
