Битното е дека ако стварно ги чуваш, ама онака во вистинска смисла на зборот, сосема поинаку би се осеќал према нив, и веројатно воопшто немаше да дојде до муабетов, пошто ќе имаше појма за што ти зборам.
Банален пример: кај мене доле пред зграда има 2 мачки. Секогаш кога ќе ги видам, ќе ги погалам, ќе им дадам нешто да јадат итн итн. Тоа не значи дека ги чувам. Телево вунасто што ми е по дома, што е со нас цело време и во добро и во лошо, што знае да ми ја прочита секоја можна реакција и моментална состојба, е тоа го чувам. Ако мачките од пред зграда ги снема, ќе ми биде криво и ќе ми фалат, ама нема да болувам премногу. Ако кучето поради некоја причина ми го снема, ќе треба да се кљукам со антидепресиви.
Е тоа е отприлика разликата. Не чуваш животно ако не живееш со него.