Сега, не можам да зборам од искуство, ама сепак еве го моето скромно мислење за ова што го кажуваш... глупост е да кажеш дека дресурата и социјализацијата може да „не му се погодат„.
Може газдата да се погоди мрзлив и глупав, некој доволно неук да одбере куче кое бара повеќе време, наместо некоја раса која е погодна за мрзливи власници. Еве на пример за такви газди многу е попогоден некој англиски булдог, куче од раса која треба својски да се потрудиш да го мотивираш, за макар пола саат лагана прошетка.
Малиноа се турбо кучиња, мора да бидат активни. Во денот барем пар саати убаво истрчување или друга активност. Ако газдата нема активен живот, со редовно движење во природа и слично, Малиноа дефинитивно не е куче за таков човек. Тука не е криво кучето, тоа се раси кои се генетски селектирани да бидат хиперактивни и со голем нагон за работа. Работни кучиња за работа, а не топлач на стопала за пред телевизор.
Не дека имам нешто против топлачите на ноги пред телевизор, но треба да се биде свесен какво куче се одбира и што да се очекува.
Значи ако имаш активен живот, и сакаш со твоето куче да проаѓаш повеќе време, тогаш Малиноа може да е куче за тебе. Никако не мора да го дресираш за полициска работа. Но мора да го социјализираш да знае да се однесува со други кучиња, но и со луѓе (а ова впрочем важи за сите кучиња). И секако мора да се знае кој е газдата, послушност е првата лекција за секое воспитано куче.