Неговото добро само кучето си го знае, сигурно тука ни под разно не влегува кастрација, а воедно и живеење во затворен простор, носење во ресторани и кафичи.
Кастрација е едно од најдобрите работи што можеш да ги направиш на куче доколку не планираш да го париш. Ем не постои опасност од случајна бременост, ем кај мажјаците агресијата се намалува, ем го елиминираш ризикот од рак на матка ја женките(поготово кај поголемите раси).
Значи со кастрацијата придобивки има и општеството и ти како газда, но најголеми придобивки има самото куче.
За вториот болд. Не секое куче сака надвор да биде, без разлика на големината.
На пример мојата кучка (голема раса т.е. булмастиф) пробав да ја чувам надвор еден период. Имам солидно дворче од околу 350 м2, и направив и огромна куќичка со изолации, подно греење и сл. Иако беше надвор „слободна“ и иако пак и посветував по неколку саати во денот кучката падна во депресија. Тотално се смени и после месец дена пак си ја прибрав дома. Така да и овој муабет ти паѓа во вода.
Мојата далматинка не ја кастрирав (ми беше жал), на крај ја спаривме еднаш (ги подаривме малечките).
Што се однесува до внатре и надвор, не секое куче сака надвор.
Одиме во Маврово, двор огромен, трева. Кучево излегува од кола го гледа дворот и со трчање назад во кола.
Наредните 15 дена и покрај што сконта дека дворот и куќата е место каде што ќе бидеме, не сакаше да излегува во двор без нас, и секој момент гледаше да влезе внатре.
Кога ја викавме да се шетаме, тогаш да.. Сакаше надвор (2 -3 пати неделни ја носев пешки до врв на водно)
Куче повеќе сака во друштво во 15 квадрати, од колку само надвор