- бернандинец, њуфаундленд, маламут - ствааарно огромни, само за во куќа, со замашно дворче;
- ретривер/лабрадор - средна големина, прекрасни кучиња, многу јузер френдли. Не им пречи и во стан да живеат. Ќе те шитне за храна
;
- хаска - прекрасно куче, исклучително снажно. Може и во стан;
- самојед - мечиња убави, инаети, тврдоглави, и рака на срце, премногу ги има. Едно време и јас сакав, ама ми здосадија 
лабрадор - канта за ѓубре (јаде било што) и многу копаат по дров. Идат многу евтино
Некако премногу ми се очигледен избор за куче. Од тие што немаат кучиња обично кога ќе ги прашаш кажуваат дека сакаат лабрадор или ретривер или хаски 
хаски не се за температури како нашиве, освен ако не сакаш да го измачуваш кучето (исто и самојад) а да не зборам дека кај нас се намножија многу (ако едно време беше хит ''Леси'' или кокер сега тоа е хаска или самојад 
Моментално сакам да земам уште едно куче, мој потесен избор се англиски булдог, бигл, џек расел териер што да кажам друго освен дека се мали кучиња со големо срце и секое си има посебен карактер. Имам чувано порано и питбул, плус и сакам големи и снажни кучиња ама си бараат посебен третман. Секојдневно истрчување (не само шетање и изведување надвор по нужда) многу такви кучиња имам видено како седат со месеци затворени, хранети со неквалитетна храна и мислам дека човек ако ептен не е одлучен за да троши 2-3 часа на ден на интензивни прошетки и активности со овие кучиња подобро и да не зема.
Затоа ќе му даеш пар васпитни на лабрадорот/ретриверот, па ќе видиш дали ќе јаде што ќе стигне

А иначе да, за храна/колаче/награда, ќе почне и Ана Каренина да ти ја раскажува. Додека се мали, ќе те шитнат сосе пљачки, само за кексче

Бигл ми се многу интересни кучиња, многу се мили. Џек Расел ме нервираат, пошто имаат класично понашање за мало куче (пинч, чиуауа и слично) т.е. непотребно галами и се сили на сите страни

А тоа, да земеш куче и дома да ти седи затворено, тоа треба да е казниво со закон. Греота е. Се согласувам дека е подобро да не зимаш воопшто куче, отколку да земеш и да му го уништиш животот, бидејќи несомнено ќе го отстраниш од дома.
Една голема истина, искажана во симболичен приказ:
