Заборавив на осмица да му одговорам, не реков дека се агресивни, туку нервозни кученца.
А не мислев дека се агресивни за другиве, туку фацата им е таква, потеклото им е такво, често и намената им е таква кај некои луѓе. Сигруно во иста група не ги ставате Доберман, Кане Корсо, Пит Бул со Лабрадор, Хаски, Њуфаундлед, Кокер Шпаниел

Мене кај Њуфаундленд ме освоија огромните димензии и фантастична смиреност. Не случајно ги викаат "the gentle giant".
Една случка во парк пред десетина години. Собрани 5-6 сопственици на кучиња и си седнале на тревата во парк, секако со нив седи и еден огромен Њуфи

Околу нив трчаат и лаат другите кучиња, се бркаат, си играат. Имаше 2-3 мали и едно поголемо куче, не ми текнува што раса. Едно време кучињава почнаа да си играат баш кај што седат овие и да им галамат, на Њуфи му засметаа во мирот и муабетот и само залаја 2 пати и другиве кучиња се смирија. Како татко да им беше

Се изнасмеаа газдиве и сите го пофалија.