@n1kolaне знам дали ти си од битола или друг никола беше, стерилизација (женско) и кастрирање (машко) можиш да направиш кај Др-Чупона, јас пред 1 година и нешто стерилизирав мачка, беше 1500ден без попусти, врски и слично. Човекот е фер дури и ми даде транспортер за без пари за да му ја донесам мачката оти плашлива беше и бегаше.
После стерилизација немаш никаква промена на мачката, кога ќе ја донесиш дома само под анестезија ќе ти биди така жал за гледање, како пијана ќе пробува да шета, а ќе се мава по ѕидови, ќе нема баланс и слично. Другиот ден, како ништо да не се случило. 3 имам јас стерилизирано.