Затоа и прашувам кој е најдобар за правилно шетање и учење, дали тој што е и кај нозете поврзан или само со ремче околу врат 
Ремче околу врат, по можност ако најдеш Ferplast.
Со правилен тренинг и дисциплина немаш потреба од боцки, сепак е лабрадорче.
Тоа што е позади предните нозе и под врат што се става така?
Немој да те лажеле боцки да ставаш на куче... Трни од помислата тебе боцки да ти стават, па терај понатаму.
Давилица, веројатно ке треба некој период да се носи, кога ќе почне ептен да збеснува. Не би ја препорачал цело време. Добра команда и немаш гајле. Барем лабрадори прават стој на раце за 3 трошки храна.
За градник или околувратник (ланче), не би знаел да ти кажам. Јас моето со ланче го исчував. Иако ретко кога било на поводник... Наводно граднициве не ги замарале толлу бла бла, ама ако тегне кој му е крив.
Последно, би ти препорачал да си најдеш лесен поводник од плетено јаже, а не ланец. Нешто вакво

Имаш 3 нивоа на должина и ќе му најдеш примена ептен. Лесно да го заврзеш на било кое дрво, можеш да го шеташ на 2 метра од тебе, или до нога да ти седи