А таман помислив дека муабетот ќе стане како што треба за ДОМАШНИ МИЛЕНИЦИ. Не зезајте, пак да почнувате пак, ипак збориме за куче у главном...
И се слагам со Бојан потполно, ми ги зема зборовоите од тастатура.
И пак ќе кажам, ако на некој му сметаат животни, дли од страв, хигиена или незнам што, немора да влезе во ресторан каде е дозволено внесување на животни. Мислам што е проблемот?
Кога чував куче, кога и да бев со него, наоѓав место кај што можеше да се седне со него, без да пречам на други или тие да негодуваат. Иако не е назначено во градов каде може, каде не може со куче, не ми се случило ниту еднаш да ми кажат „дечко, со куче тука не може да седнеш“. Секако, најчесто, тоа било на отворено, тераса или тротоар од градов, но често се случувало и во затворени кафичи или ресторани да седнам.
Не знам што толку се утепавте од муабетење, ако не те пуштат со песот во кафиЌ - одиш во друг кафиЌ! Почесто се случувало мене да не ме пуштат во некој клуб или диско, отколку кучето мое 
Комшија, апсолутно се слагам АМА (стално има некое ама) незнам кога било времето кога си чувал куче, сигурно има година две. Работите се малце сменети...Кога бев прва година на факс ( пред 3 години значи) се пушеше у бифе на факултет...се друга приказна е...
Имам искуство еве ја лично каде мене не ме пуштиле со моето куче, бар ти го знаеш какво е, дури не се рачуна ко куче, а не пак да дојдам со некое куче (у нормална величина). Дури у пет шоп не сум можел да влезам, во неколку пет шопови :S Једино летно време у Тренд у сити мол ми немаат направено проблем, а во соседните кафичи не ме пуштиле ни на летната тераса!!!