Како си го сликал како од кафана да е излезено сега, дрво пијано!
Иначе бомбона е, ако ти го види малата кај мене, опрости се од него.
Немам пробано да му дадам пиво или нешто друго алкохолно да се напие, а сигурен сум дека ќе проба, бидејќи се што ќе најде бута во уста и јаде, скапани јаболки, љушпи од пиперки за ајвар, цвеќињата веќе сите ги изеде, лешници, ореви итн.
Инаку сега има 6 месеци и е ~20 кг, а треба да порасне до 40-45 кг.
Па кога ќе стигне за парење, со задоволство едно кутре би ти подарил за ќерка ти, бидејќи мислам дека нема повесела раса и поразиграна со мали деца.