Автор Тема: CARclub Тест: Mazda 3 2.2 Skyactiv-D Revolution  (Прочитано 5473 пати)

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
CARclub Тест: Mazda 3 2.2 Skyactiv-D Revolution
« на: 25 Февруари 2015, 12:22:53 pm »




http://www.carclub.mk/2015/02/25/test-mazda-3-2-2-skyactiv-d-revolution-150-pogodena-kombinacija/

Шала на страна, една од најдобрите коли во класата. Одличен мотор, одлична шасија. Стварно е тешко да се најде некаква забелешка. Лично би сакал број-два поголеми бандажи, али тоа е тоа. Да треба сега да купувам кола, сериозно би размислил баш за оваа комбинација..

Цената е висока, да бидеме реални, али на лице место се добива друга, како што и се очекува.



Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: CARclub Тест: Mazda 3 2.2 Skyactiv-D Revolution
« Одговори #1 на: 25 Февруари 2015, 12:42:44 pm »
Моторот според мене е еден од најрелаксирани во класата и многу растеретено работи. Преубав мотор. Стави во 3та и како автоматик да возиш. Малце безвезе на кола со навигација да нема задна камера... Каков е тој пакет незнам, ама би требало да има. Особено зошто е многу слаба видливоста позади. Има сензори, ама пак требало и камера, сепак 500 денари е набавна цена на камерата преку сила. Класнија сака поголеми бандажи, јас би сакал помали ако може. :)

Е сега малку е гласна. За цената.

Мора да се каже „за цената“, зошто сепак е меѓу најскапите од класата и такви работи веќе се очекуваат. Дали аеродинамика, дали изолација, нешто треба да се коригира. Пак ќе кажам „за цената“. Значи може и цената да се коригира и пак да е добро. :) :) :)

Веројатно би требало да се зеамат и поудобни седишта малку, многу се рамни на долниот дел. Ергономија на ниско ниво во поглед на седишта.

Функцијата лимитер работи многу убаво за низ град. Да не надмашиш и да те казнат. Си ставаш 70кмч и возиш до 70кмч. За да одиш над 70кмч треба да ја стиснеш педалата до крај. Многу корисно. Значи не е со титкање, за да ти титне на 70 дека си надмашил туку те лимитира привидно. Многу корисна работа. Уште да може да памти дека е упалена да не ја палиш на секое влагање. За да не буљиш во километража цело време страшно корисно.
Слично како и темпоматот за на отворено.

Ретко, ретко добра кола.

Отсутен Darkovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1273
Одг: CARclub Тест: Mazda 3 2.2 Skyactiv-D Revolution
« Одговори #2 на: 25 Февруари 2015, 16:04:20 pm »
Добар тест, одлична кола. Моторов сегде го изнафалија, иако не сум по дизели најверојатно оваа комбинација би ми била избор, пошто бензините не верувам дека ќе трпат плин. Иначе во споредба со истата кола што ја возевте со бензинецот, се осеќа разликата во тежина во носот што и е во свиоци? Мислам околу 100 кила е потежок дизелов. И многу добро ќе биде да пишувате тежина на тестираното возило во спецификациите.

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: Mazda 3 2.2 Skyactiv-D Revolution
« Одговори #3 на: 25 Февруари 2015, 18:10:15 pm »
Проблемот е што тежината многу варира - и не само од кола до кола. Може да има повеќе опрема, помалку опрема, итн, итн, па сето тоа да влијае.

Генерално, не се осеќа некоја разлика - односно, би морал да ги возам бек ту бек за да ти кажам најдобро. Можеби е за нијанса подиректен бензинецот, ама и тој беше на зимски гуми, тек па тоа колку влијае..

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: CARclub Тест: Mazda 3 2.2 Skyactiv-D Revolution
« Одговори #4 на: 25 Февруари 2015, 18:17:43 pm »



Многу ружна

Отсутен mkm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1297
Одг: CARclub Тест: Mazda 3 2.2 Skyactiv-D Revolution
« Одговори #5 на: 25 Февруари 2015, 19:44:18 pm »
Морам да ве пофалам за фотографиите. Сува лепота. Чоек постери да ги направи и у дневна да ги луне на централен ѕид.
Иначе колата е топ, можеби овој модел делува скапо ама натоварете било кој друг компакт со 150 дизелски коњи и споредете цени. По мене вреди за парите, посебно што ако е некој сериозно заинтересиран сигурно добива -2000€

Отсутен aronmacedon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 238
Одг: CARclub Тест: Mazda 3 2.2 Skyactiv-D Revolution
« Одговори #6 на: 26 Февруари 2015, 18:55:40 pm »
Проблемот е што тежината многу варира - и не само од кола до кола. Може да има повеќе опрема, помалку опрема, итн, итн, па сето тоа да влијае.

Генерално, не се осеќа некоја разлика - односно, би морал да ги возам бек ту бек за да ти кажам најдобро. Можеби е за нијанса подиректен бензинецот, ама и тој беше на зимски гуми, тек па тоа колку влијае..
Зеро ме интересира твое мислење од искуство,во споредба со 2.0 тди во голф7  како стои овој мотор? или пак како целина маздава во споредба со соодветни голф (како своевиден бенчмарк во класата??

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: CARclub Тест: Mazda 3 2.2 Skyactiv-D Revolution
« Одговори #7 на: 26 Февруари 2015, 19:56:33 pm »
Аааа, па 2.0 TDi е најбољи у свет, каква мазда...

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16719
  • Keep it 100
Одг: CARclub Тест: Mazda 3 2.2 Skyactiv-D Revolution
« Одговори #8 на: 26 Февруари 2015, 20:13:44 pm »
Мислам дека е за нијанса подобар: http://www.zeperfs.com/en/duel4469-5635.htm

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: CARclub Тест: Mazda 3 2.2 Skyactiv-D Revolution
« Одговори #9 на: 27 Февруари 2015, 08:39:57 am »
Хечов ми изглеа као недокажана приказна... Пробале нешто со дизајнерскиот јазик на 6ката, му напраиле „бадонкадонк“ за да не е седан, ама што знам, уопште не ми фаќа око. Имам видено 3ка хеч низ град и таква ми е... Веш машина. За да личи на нешто, мора да има за некое бројче поголеми бандажи, пошто вака е ептен досадна.

Моторот, би претпоставил дека е фантазија сам по себе. Многу тешко може да се најдат негативни коментари за SKYACTIV моторите.

Да бидам искрен, од новиот правец на Мазда, само 6ката ми се свиѓа. CX-5 ми е ружно, МХ-5 исто така као недокажано ми стои, 3ка седан ми изглеа као компресирана 6ка, додека 3ка хеч ми изгледа поприлично неинвентивно и досадно. Као Ауди да е.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: Mazda 3 2.2 Skyactiv-D Revolution
« Одговори #10 на: 27 Февруари 2015, 10:04:47 am »
Мене многу поубаво ми изгледа 3-ката во седан изведба, некако покомплетна ми е приказната.





Мада, Тројка хеч во таа црвената боја и со убав бандаж изгледа многу убаво.


Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг:
« Одговори #11 на: 27 Февруари 2015, 10:17:23 am »
Маздата хеч ми е копија одпозади на субару импреза

Отсутен aronmacedon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 238
Одг: Одг: CARclub Тест: Mazda 3 2.2 Skyactiv-D Revolution
« Одговори #12 на: 27 Февруари 2015, 13:10:27 pm »
Аааа, па 2.0 TDi е најбољи у свет, каква мазда...
i apreciate the irony :) а бидејќи овој пакет е директно намерчен на голф бенчмарков :D ме интересираше мислењето на зеро како човек што ги возел и двете а има искуство и со условно послабите верзии на возилава па може да повлече паралела помеѓу истите.