Придобивки што ги рекламира производителот: зголемена сила, намалено абење, пониска работна температура на моторот, пониска потрошувачка
Јас забележав: помирна работа на моторот, полесно палење на ладно и пократко верглање. Значи на ладно моторот го осеќав како да е целосно загреан. Температурата на моторот си остана истата, пониска потрошувачка не забележав, зголемена сила не забележав.
Се става еднаш на 50.000км. Не се препорачува за мотори кои се оштетени и кои трошат масло поради тоа што керамички слој се закачува на свеќиците и има својство на изолатор.
Јас еднаш ставив и бев задоволен. Сега сакам пак да ставам. Цената е 1100 денари ама даваат попуст докај 900. Едно пакување е доволно за 5-6 литри масло. Мојата кола собира 2 така да другата би требало да собира 3-4 литри масло. Треба да се стави на барем 2000км пред промена на маслото (за да икма време да се врзе), не е потребно маслото да биде апсолутно ново.