Кога си во лер дали ти мрдаат обртаите и дали ти сецка под мала гас (до 2000 обртаи) во прва, втора брзина кога си на плин?
Мене ми ги чистеа дизните за гориво во сервисот кај што го ставив плинот и не ми земаа пари. Битно го немам веќе тој проблем освен кога ми е во лер или кога застанувам со кочница знае да мрдаат обртаите повторно ама ептен малку и не континуирано. Од тогаш поминаа неколку месеци па викам ај бидејќи ги користам многу малку да ги подмачкам колку толку пак да не зезаат 
цена: 322ден.
Додека е во лер, а мирува, ако само што ми префрлило на плин, знае минимално да мрдаат обртаите, повеке на звук се слуша него на стрелката. Ама пак кога ке тргнам од таа положба, ако дадам гас, па одземам, знае да засецка. Минатата недела ги сменив каблите за свеќици, па сега е мноогу подобро. Сецкањето е најчестно на мали обртаи, во прва, втора. Трета и натака нема проблем сега, после новите кабли. Порано засецкуваше ако се вози со одземена гас, минијатурно, ама се осеќаше.
Тебе пред чистењето како ти правеше? Што се подобри со чистењето?
И јас мислев дека ми е до свеќици или до каблите нешто ама пак на бензин не правеше никаков проблем, убеден бев дека е до плинот бидејќи само кога е на плин така се понашаше. Од тогаш ми нема засецкано.
Откако ги чистеа дизните спие сега, и во прва кога возам на најнизок обртај што се вика до пред да изгаси оди ко подмачкано. Предходно скокаше и знаеше некогаш и да изгаси кога ќе застанам нагло на семафор посебно кога ќе одземеш гас во прва или втора брзина.
Ми трошеше бензин, кога му реков на плинарот одма му текнало до што може да е, бидејќи што не проверив предходно..
го шистев throttle body-то и Idle air control valve (регулаторот за мали обртаи) ама ништо не помогна.
Ова адитивов го чувам уште, се одлучив прво да сменам филтер за гориво бидејќи го немам сменето добри 3 години а го имам купено уште пред една година мислам и така ми седи сум го заборавил.