Очигледно уште си немал проблем со дизните, па затоа не си имал прилика да ја оцениш одличноста. Ни ултра звукот (механички) не ги чисти толку добро дизните како Wynns (хемиски). Има на интернет ревјуа, клипчиња, форуми и тако даље - може да разгледаш у слободно време, а може да прашаш и други паталци од тука.
Ова се става превентивно, но може и корективно (има процедура за тоа некаде низ форумов детално опишана, членови кои беа на таков вид чистење и тн).
Значи одговорот на твоето прашање е дека одличноста се гледа во успешноста на постигнатите резултати! Секако дека за да оцениш нешто треба критериум, а тоа се резултатите пред чистење и после чистење на дизните со Wynns. Ако нема проблем - нема ни решение за истиот, но целта ни е да ги спречиме проблемите, за после да не мора СКАПО да ги решаваме!