И тоа ќе ти го арчи, терај си со 5-40. Свашта пробав на стилото мое, на крај си терав препорачано уље и по потреба досипував. Исто и со 166. Не ти е гаранција промена на карики дека ке се подобри, а да отвараш здрав мотор....шо знам .. ја не би 
Те разбирам ама во заблуда сум дали е здрав моторот... многу е 200гр на 1500км за тој мотор. еве грандето ист мотор на 8000км 300гр троши истото уље. ќе терам со 5 40 некое време па ќе видимо до каде ќе оди. Фала.
Пробај смени ја марката. Моја препорака за Мотул, Пакело, Ликви, Петронас, Фукс.
Можно е во иднина да си пробам со ликви, имам читано подобрување после користење на ова уље. Ама ај се придржувам до спецификација демек за италијани само италијанско.
Што и да правиш немој да те лаже ѓаолот Ceratec да си ставил од Ликви Моли.
Да, одличен е адитивот и има осетно ефект на благосостојбата на моторот но не е за мотори кои трошат масло. Ќе влезе во комората за согорување, ќе заебе и ѕидови и вентили и свеќици и издув. Никако Ceratec.
П.С. Ако разликата меѓу минимум масло и максимум масло на мерачот е на пример литро ипол, и меѓу периоди на промена на масло троши повеќе од тоа, сери му се. Отварај мотор, менувај гумици на вентили, менувај карики, турбо, иначе е бунар без дно. Не смее да троши толку многу масло. Провери од некој семеринг на радилица на пример да не тече.