290 денара, продавницата на Аутомакедонија карши Цветен Пазар.
Малце ќе здими кога ќе ја нацапаш.
Хохохо Значи имаш и визуелен доказ дека работи адитивчето
Да, Да. Мислам дека сега е право време пак да ја укључам Ламбда Сондата, да ресетирам компјутер и да видиме што ќе се дешаа. У секој случај, Тротл Бодито мора да се очисти. 90% сум убеден дека тука лежи проблемот.
Што е тоа? Степот ли? Тоа мислиш дека те заебава?
И фала за адитивчево, прва шанса ќе го акнам.
„лептирот“ за гас по нашки, тој по дифолт е стално отворен за лергас, ама многу многу малку. Кога ќе се насобере гареж од уљните испарувања, го затвора, и паѓаат обртаите на 500. ECU-то пробува да го опраи овој проблем, па ќе го подотвори лептирот, арно ама не може толку прецизно да го контролира, па потоа пак се враќа на нормална состојба, и така вечно, дур не го исчистиш убаво. Исто и на Стилото, исто и на Алфата. Ем имаше некаде процедура за ресетирање на положбата на лептирот, нешто во стилот:
гасиш се` од електрика, вентилатори, светла, радио итн...
Контакт во брава, чекаш 30 секунди
ставаш на Off (не го вадиш клучот), пак чекаш 30 секунди.
Пак контакт и чекаш 30 секунди, и после тоа палиш.
Чекаш да се загрее и да проработи вентилаторот, и гасиш и тоа е тоа.
Цела процедура ја правиш без да притиснеш педал за гас, кочница, куплунг, или да чачкаш други уреди во аутото. Знае често да помогне процедурава.