Автор Тема: CARclub Тест: Ford Mondeo 2.0 TDCI Titanium  (Прочитано 6447 пати)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
CARclub Тест: Ford Mondeo 2.0 TDCI Titanium
« на: 10 Февруари 2015, 13:40:49 pm »






http://www.carclub.mk/2015/02/10/test-ford-mondeo-2-0-tdci-titanium-novo-poglavje-vo-globalnata-prikazna-na-siniot-oval/

Убаво изгледа, одлично за возење. Сериозен напредок во однос на дизајн, звучна изолација и ергономија. Ми се свиѓаше мењачот, не ми се свиѓа седанската изведба, јас по дифолт би одел на хечбекот со 5 врати или на караванот.

За жал, на моменти се забележува фактот дека е веќе 2-3 години старо возило. Ако почнете да редите опрема, it gets expensive, and quick.

Како и да е, во оваа класа во моментов изборот се сведува на Passat, Mondeo и Mazda 6. Све друго е даааалеку позади.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: CARclub Тест: Ford Mondeo 2.0 TDCI Titanium
« Одговори #1 на: 10 Февруари 2015, 13:53:06 pm »
Централната конзола е страшна. И дизајн и квалитет на екранот. И тоа ти го убива искуството. Инаку фино возило.

Сепак за толку долга кола има доста мала кабина што заклучивме дека нозете мора да се допираат до предното седиште кај возрасни луѓе, или пак главата да се допира горе кај задните седишта. Споредливо со Октавија, ај ќе рече дека има гепек поголем на сметка на кабината, но не гепекот е 65литри помал од Октавија. Чуден распоред на кола која е со овие димензии (Подолга од Суперб!) Таму веќе не ни има споредба, супербот нуди 100литри повеќе гепек и 10 чисти цм простор пред колената на задните седишта ако не и повеќе. Мондеово испаѓа некаде меѓу Рапид и Октавија по внатрешен простор. Никаква логика. Особено што очекуваш пространост на сите страни гледајќи од надвор.

Изгледот го вади, а и солидни возни карактеристики има.

Цената е смешна, особено ме интересира која е цената на ужасниот дисплеј напред? Брендиран со SONY име уште стои, јас би си го тргнал името да не си ја срамам фирмата. На пример СИГУРЕН СУМ дека поефтино е да земата SONY Z3 и да го заштрафат, со што ем ќе добијат врвен екран во класата ем маркетинг со тоа што сите ќе те зборуваат и ќе гледаат серии на енранот. Мојата навигација од 2008ма има ваков екран.

Фокусот седан е подобро решение според мене за цената, зошто не се добива многу над него за  20те илјади евра плус. Подобро Фокус седан за 20к накрцан да пука, отколку мондео без кожа за 38.000 кога просторот и се друго е скоро исто.

Мондетото е преголема кола која едноставно не е доволно голема.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: CARclub Тест: Ford Mondeo 2.0 TDCI Titanium
« Одговори #2 на: 10 Февруари 2015, 14:16:01 pm »
Мондео како Мондео :) ништо посебно. Новиот пасат па и со челични бандажи да ми го дадат би го зел одма пред Мондеово. Мењачот е време да го сменат, изгледа катастрофално. Педалите изгледаат малку смешно за возило во оваа класа. Внатрешноста изгледа катастрофално за возило од 2014/2015. На јутуб гледам само пофалба има за како вози и надворешен изглед кој е субјективен, но вака генерално земено не е лош. Од оваа класа јас би бирал помеѓу Маздата и Пасатот.

Отсутен DayWalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
  • Ќебапбрингер!
Одг: CARclub Тест: Ford Mondeo 2.0 TDCI Titanium
« Одговори #3 на: 10 Февруари 2015, 18:47:40 pm »
Ајде да си правиме муабет на тема Мондео :)
Искрено ми се свиѓа, многу! На изглед! Од надвор делува агресивно и елегантно и се е супер. Внатре материјалите се за ниво подобри од америчката верзија (се познава лесно), ама не е нешто уау. Многу е добро, ама му фали оно уау ефект внатре, она последното, она што (за мене) е многу битно, завршна обработка. Го нема тоа чувство на квалитет како во пасатот пример. Многу е добро, ама тоа, тоа последното фали, нијанса една фали.
За екранот ке се сложам апсолутно со Дени, го зборевме баш тоа, срамота голема! 2015та сме!

Просторност, од напред ми се виде ок, ми се свиѓа како се седи, штуро ми е околу тоа сони екранот и со копчиња и ми изгледа старовремски (можда е до мене) другото е одлично. Воланот е предобар, ептен ми се свиѓа. Назад, незнам, јас сум мал човек мене и во Фичо ми е пространо :D али во секој случај повисоките луѓе ќе имаат мал проблем.
Моторот, ОК ама апсолутно ништо посебно. Како еден најобичен мотор.

Али изгледот, по мене е многу битен, дури најбитен, наперд изгледа фантастично, освен овој тестираниов со оваа боја, како можеа сеуште не ми е јасно.
И пази сеа, ова доаѓа од фан на Форд (еве возам и го сакам и почитувам ко бренд). Мондеово ми е омилена кола уште од пред 2 години, ама да бидеме реални, колку и да е добра мене ми фали нешто во неа, можеше да биде подобра, со оглед дека чекавме 2 години за него, можеа во меѓувреме да го освежат внатре, екран ова она...Не сум разочаран, напротив пак си го сакам мондеово и би го избрал пред Мазда 6 пример (да, само јас и никој друг верувам) али ете. :D

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: CARclub Тест: Ford Mondeo 2.0 TDCI Titanium
« Одговори #4 на: 10 Февруари 2015, 21:06:36 pm »
^

Ништо не му фали, цената му е превисока ..


Отсутен Kimi R

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3009
  • "Just leave me alone, I know what I'm doing"
Одг: CARclub Тест: Ford Mondeo 2.0 TDCI Titanium
« Одговори #5 на: 10 Февруари 2015, 21:52:49 pm »
Централната конзола е ко да сум си стаил у гетцот некој повеќеинчен таблет, дури мислам дека и боље ќе изглеа кај мене доколку пробам да го изведам доа. Задницата е недозволиво премногу слична со стариот модел. Како да очекував премногу од Мондеово, па како да се разочарав. Малце ми е чудна бројката од 8 и пол секунди до 100ка од 180 коњски мотор во 2015 година, не треба да биде барем малку побрзичко, мазада 6 со 175 коња е испод 8, пасатот со 150 коња е тука негде околу 8 и пол? Цената им е одраз на превисоките амбиции, не ми делува дека реално е толку вредно монедово.
Сепак покрај сите забелешки, кога ќе го погледнам од надвор ми е многу привлечно и прв пат кога го видов во живо ми го предизвика оној wow ефект.
Не знам, можеби кога би имал можност да поминам малце време во него и да го повозам малку, ќе сменам дел од мислењата.

Отсутен aronmacedon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 238
Одг: CARclub Тест: Ford Mondeo 2.0 TDCI Titanium
« Одговори #6 на: 11 Февруари 2015, 21:28:30 pm »
уште да беа успешни во дизајнот на ентериер. СРАМОТА! е ваков ентериер на толку пренајпрекрасен екстериер. а и ценовно претерале.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: CARclub Тест: Ford Mondeo 2.0 TDCI Titanium
« Одговори #7 на: 11 Февруари 2015, 21:43:36 pm »
Абе све е ствар укуса, мене ми се допаѓа овака едноставен ентериер, но ако колегите викаат дека дисплејот е мизерен а истиот доминира треба да се интервенира ...

Надворешниот дизајн е топ, многу бољи него претходникот кој позади беше многу слаб. Али цената е превисока, за тие пари секогаш би идел на нешто со повеќе генетика ...

Отсутен ARMEX

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3616
Одг: CARclub Тест: Ford Mondeo 2.0 TDCI Titanium
« Одговори #8 на: 11 Февруари 2015, 22:54:17 pm »
Ми се свиѓа. Би си го купил. Пофалби за фотографиите, легна 2014 проектов.

Отсутен cuoresportivo159

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4194
Одг: CARclub Тест: Ford Mondeo 2.0 TDCI Titanium
« Одговори #9 на: 11 Февруари 2015, 22:56:53 pm »
Moжеа партали да направат во сегментов,ама не со вакви цени.
Alfa Romeo 166 is one of only three cars that have "that special thing" !!! 
-J.Clarkson

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: Ford Mondeo 2.0 TDCI Titanium
« Одговори #10 на: 11 Февруари 2015, 23:08:12 pm »
Постои една кола за која цената одговара, според тебе?

Пасатот беше прескап (очекувано), Маздата беше прескапа, за цената на Ц-класата се земаше Е-класа, итн, итн, итн.. До сега генерално коментарите ти се сведуваат на тоа дека „цената е превисока“.

Отсутен cuoresportivo159

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4194
Одг: CARclub Тест: Ford Mondeo 2.0 TDCI Titanium
« Одговори #11 на: 12 Февруари 2015, 00:12:24 am »
Споредувам со тоа што се' се купило кај мене во фамилија и мои блиски и за колку пари. Претходното Мондео колку чинеше,ти текнува,претходната Мазда па и таа пред неа? Маздата беше со цена во ранг на Авенсис.

Да ти ги набројам?
Еве специјално за тебе па ти кажи дали сум у право.

W212-Amg пакет внатре-надвор(бандажи,волан,педали,преден заден браник....) 200-ка со алкантара,кожа, фали навигација- 55-бона(ова ти е за Ц) Ја знае Симо,за друг не ми текнува во моментов.
А7 3.0 кватро С-лајн,19 бандажи, со цела опрема освен навигација 63 бона,8 брзински ДСГ.(Ова ти е за Пасатот) Ја знаеш и ти и Дени и незнам кој др ја виде на собирот кога поминавте низ Струмица.
Мазда 6-ка ко на Гојдо 17500 дизел со средно ниво на опрема. Исто и оваа ја знае Симо.

М?
 
Околу др работи неможам да коментирам зашто не сум седнал лично ни да го повозам ни да осетам како е. И Киа Оптима ја отепавте од фалење,ама ко ја видов со излупена кожа на волан и на врати после 25000км, малце ко изненаден бев.
За А7 тврдевте некоја цифра на потрошувачка која не се совпаѓа со таа која ја гледам јас секојдневно. Не велам дека е измислена цифрата, туку не било тоа баш јако возење.
Откога би го осетил лично тогаш би се дрзнал да пишувам нешто повеќе. Уште кога го донесоа пишав дека е мој фаворит во класава моментално судејќи субјективно по изглед и по 2-3 пишани тестови.
Alfa Romeo 166 is one of only three cars that have "that special thing" !!! 
-J.Clarkson

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5834
Одг: CARclub Тест: Ford Mondeo 2.0 TDCI Titanium
« Одговори #12 на: 17 Февруари 2015, 14:23:46 pm »
Прееска здраво здраво го измањачив. Не можеа да ме извадат од Мондеово ;D Лаѓа бе у пм, колиште! Воланот,  возачката позиција, седиштата, потпирачот, мењачот како ми легнаа па па па...   30 мин потоа се вратив во реалноста,  седнав у фиестата и опцув све живо и диво, викам налет овој живот за обични смртници :D

Отсутен Darkovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1273
Одг: CARclub Тест: Ford Mondeo 2.0 TDCI Titanium
« Одговори #13 на: 17 Февруари 2015, 14:47:03 pm »
Во нормални држави Мондео е за обични смртници, а ние од толку што сме изебани во психа тоа ни се дешава ко ќе влеземе во нова кола :)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: CARclub Тест: Ford Mondeo 2.0 TDCI Titanium
« Одговори #14 на: 17 Февруари 2015, 14:50:46 pm »
Повеќе Е класата им е нив за обични смртници, такси, за до работа и слично.