Ми оди на памет ваква глупост да направам и ја, али во многу поразлично издание. Комплетно да го избацам радиото, да направам инсталација за полнач и звучките да ги спојам во еден адаптер со 3.5 џекче. На местото на радиото да изработам некој си држач за таблетче со пристојна големина, рецимо 7 инча кое ќе содржи музика, навигација и 300 други глупости што ги има во 2 DIN уред. Тоа таблетчето ќе го користам по потреба в кола, а кога ќе биде надвор од кола мене да ми служи за секојдневни активности. Али тоа понатаму, да си ја присвојам колата целосно.