Фала на информациите, утре денски ќе го извадам радиото, веќе имам вадено на вакво BMW па нема да биде проблем веројатно. Да не знаеш случајно тука некој да шитка вакви адаптерчиња, да не чекам 25 дена да стигнува од интернетов? Или некое страниче каде што испорачуваат побрзо, гледам на ebay, aliexpress нема опција за побрза пратка...
Инаку не, за жал не е.. 320D 2007 возам..
Ех да беше 335i... Тоа количе ми е во срцето, 335i М-sport LCI со дифузерчиња со триста чуда... Меѓутоа имам само 18 години и сам си купував кола, па гледав да почнам со нешто посоодветно и да не се занесувам многу на почеток... се надевам кога ќе стекнам искуство ќе одам на појако... Знам дека и ова е брза и моќна кола за почеток али највеќе ми влегуваше во комбинација.. Го имам гледано твоето BMW во некоја тема, супер колиште!