Автор Тема: Што купивте или сакате да си купите за вашите автомобили  (Прочитано 637846 пати)

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6870
  • Бенве сие бенве
Јас на одмор одам со еден куфер,  во него спакувано неопходно за двајца за 7 дена, ни туле ни муле, ја не знам што ти Дени носиш,  ама голфот си има нормален багажник.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Голфаџии на одмор носат вреќа пипер, две гајби патлиџани и две три живи кокошки ...

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55054
  • Махер
Јас на одмор одам со еден куфер,  во него спакувано неопходно за двајца за 7 дена, ни туле ни муле, ја не знам што ти Дени носиш,  ама голфот си има нормален багажник.
Еден куфер де, има за твојот место. :) А за другите 3 куфери од луѓето до тебе каде?

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6870
  • Бенве сие бенве
Луѓе не планирам затоа што на одмори одиме сами, за викенд ако сме договорени со пријатели тогаш секој со своја кола.  Еднаш сум се заебал да одам со заедничко возило и никогаш повеќе. Ни возам некој нит сакам да ме вози.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
^
Потпис Печат Дата ..

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55054
  • Махер
Луѓе не планирам затоа што на одмори одиме сами, за викенд ако сме договорени со пријатели тогаш секој со своја кола.  Еднаш сум се заебал да одам со заедничко возило и никогаш повеќе. Ни возам некој нит сакам да ме вози.
Муабетот беше одговор на:
Не се лоши и позади за подолги патувања.
За двајца е супер Голфот нема збор. И онака ќе си ги користиш задните седишта за ствари. Но дека Дарт начна дека не е лош и позади за подолги патувања. За подолги патувања позади седење јас подразбирам 4 души во кола со соодветен куфер за „долго патување“. :)

Јас и сега го користам така моево количе, двата куфера на задно седиште, а гепекот слободен за попрљавите ствари за плажа и обувки. Истото го може и голф. Само ќе е потивко и поудобно внатре. Ама 4 за подолг пат нема да собере. За краток - да. И со пазење багаж...

Толку ми се има набиено фобија од мали коли (зошто имам две), а и покрај тоа што имам, и сите мои познаници и другари имаат мали коли купени на ново, што секогаш секој муабет за одење некаде е проследен со договарање за багаж и слично. А за одење со една кола, мене ми е значително интересно со 4 луѓе, како и помали трошоци за пат и би сакал да можам повеќе да го практикувам тоа. Затоа сега си велам дека во поблиската фамилија мора да има една голема кола која ќе се користи за подолги патувања. Кој како си сака, ете јас многу често одам до езеро или море, често на кратко, некогаш на долго и многу ми одговара возење со 4 луѓе во кола, уживање во викендот или празникот кој се паднал, и секако заштеда на пари за следниот викенд/празник пак да отидам на море/езеро. И така натаму.

Затоа од моите размислувања (зошто еве размислувам за разни коли кога би купувал) Голфот со себе пак би повлекувал муабети за багажот, пак ќе има договарања за седењето, пак ќе има дискусии непотребни и мирот ќе е на пониско ниво. Исто и крвниот притисок и релативното незадоволство на мрдање на моето возачко седиште 7цм понапред за да има место тој позади мене. Е тоа е муабетот кој планирам да не го правам во иднина. И затоа Голфот не ми одговара. Иако чергата можеби ќе наложи да си купам Голф, сепак потребата е многу повеќе накај Пасат/Суперб (особено Суперб) отколку Голф. За мене.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
шпоретчиња... со мали релни се тоа...

јас кога идам некаде со семејството (минимум 25-30 пати годишно) ситуацијата е следна:

-1 огромен куфер за мене и невестата
-2 помали исто  такви т.е. двата се колку тој 1
- два до три лаптопи
-- некоја кеса со некакви глупости (папучи на пример)
-чадор, лежалка итн итн
-во гепекот инсталиран вуфер и едно 30 други тракатшки вклучително и компресорче за гуми

и гепекот е до пола наполнет... не ми стига ни до видно поле на централен ретровизор... :)

еве еднаш имав ваква ситуација, кај што МОРАВ 4 автомобилски гуми да пренесам узпат:



 ;D ;D ;D ;D ;D

и да размислувам за туле? хахаха едно од негативните работи на малите ГРАДСКИ возила е токму тоа што луѓе не сваќаат т.е. не се ни трудат да сватат дека сепак тоа се ГРАДСКИ возила а не возила за на пат-одмор итн итн... без било кој да ме разбере грешно, немам намера да омаловажувам нити пак да се иссмевам со било кого а уште помалку со личниот нивни избор... и не дека не ја разбирам ситуацијава кај нас во државата и сето тоа ок, се ми е јасно, ама овде се прават муабети за собирање на багаж во гепек и поставување на туле на ГРАДСКИ возила кога се иде на ОТВОРЕН ПАТ, на одмор или било каде... ми го контате муабетот? инаку се сложувам дека секој си направил избор личен за возило според потребите лични, кејфови, финансиски можности итн итн, каде секако пресуден фактор е периодот кога нај често се користи возилото.. по истата логика и пресуден фактор и јас сум го одбрал своето возило...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6870
  • Бенве сие бенве
Онак колку време трошиш за пакување и распакување?

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
збориш ЗА ВО ВОЗИЛО или за дома? ако е за во возило: за “утовар“ можеби 10 минути (вклучително од моментот кога излагам од врата, заклучувам, чекам лифт, стигам до кола и наредувам што и како треба)... за “истовар“ побрзо... зашто?

ако е за дома, за пакување и распакување трошам 0 минути.. невестата нашиот куфер, децава секој својот... :)
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6870
  • Бенве сие бенве
за вака здраво да се накрца јас мислам дека пола ден минимум ќе треба

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Онак се спремал за на пуст остров ;D

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
абе 4 гуми маше тука у гепеков, некое најлонче, куферот големиот ете го се гледа, 2 флаши вода и тоа е тоа... не ми текнува она дрвеното што е и што сум носел... можно е столици на раскалапње :) се на се 2-3 минути... :)
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5076
  • The Spartan General
Јас мразам накрцкана кола. И затоа кога патувам на долги релации, пола од нештата на другите си остануваат дома. Како вреќари и шверцери со тоа багажот.

И кога на царина негде ти каже вади се под ред, у ПМ.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
ова беше “неопходен“ транспорт до викендица... во принцип не идам вака... како што реков, 3 куфери, чадори евентуално и тоа е тоа....
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55054
  • Махер
Јас мразам накрцкана кола. И затоа кога патувам на долги релации, пола од нештата на другите си остануваат дома. Како вреќари и шверцери со тоа багажот.

И кога на царина негде ти каже вади се под ред, у ПМ.

Некоја ќе е накрцана со 350 литри багажник, друга ќе е полупразна со 620 литри багажник. Релативно е крцањето.