Ај редом, види таму кај што ти се врзани сензорите на оголената жица према рикверц светлото, дали имаш +12V кога ќе ставиш во рикверц, ама со извадено рикверц сијаличе. Ако немаш, таа жица може да враќа маса назад до шасија. Треба да ја најдеш жицата која носи +12v од осигурачот до сијаличето. Немогучно е да нема 12V кога ќе изгори сијаличето, (освен ако не се опаметиле ептен боди компјутериве, па д гасат напон кога е цркнато сијаличето, што чисто се сомневам).