Сакав некои од овие да видам дали ги има и кај мојта 1.6 турбо дизел.
Нити прегрева ништо. Ни губе вода, ни бел чат...
Единствено во казанчето за вода има доста уље (најверојатно) ?!
Пробиен ти е дихтунг на глава помеѓу некој од цилиндрите и каналите каде што се движи антифризот, и дел од издувните гасови ти се слеваат во антифризот.
Најверојатно мешањето се прави во тактот на компресија на издувните гасови после согорување и тука набива дел од нив во течноста што се дивижи во каналите околу цилиндерот. Гасовите ти се доста "мрсни" затоа што имаш несогорена нафта во нив и затоа имаш мрсно во казанчето. Не мора да е уље тоа, многу е голема веројатноста да е нафта.
Извади го капачето каде што се дотура масло во моторот, ако таму немаш никакви "млечни" наслаги на капачето, тогаш во казанчето немаш масло, туку дефинитивно остатоци од несогорена нафта од издувните гасови.
Не губи вода во моментов затоа што процепот е мал и во тактот на вшмукување дихтунгот заптива и цилиндерот сеуште држи компресија.
Со секое наредно покачување на температурата на моторот над оптималната работна температура (кога ќе ти вклучи перката или кога ќе ја газиш на автопат) дихтунгот ќе гори се повеќе и ќе почне да ти губи вода.
Внимавај може тоа да се случи наеднаш ако подолго го газиш моторот (автопат) и да го прегрееш и да направиш беља.
Моја препорака е да смениш дихтунг на глава, да испереш цел разладен систем, да ја провериш главата дали е рамна. Не ризикувај може да те снајде голема беља ако наеднаш се пришири процепот на дихтунот.