Не наметнувам никакво правило. Да те потсетам на првата реченица од мојот одговор: „Зависно од тоа како се вози.“ Потоа да те потсетам на почетокот на втората реченица: “ Кај мене на пример,....“ и така натаму. Значи ниту сугерирам ниту наметнувам правило ниту ништо. И едното и другото важи подеднакво и за бензинец и за дизел. Зависи од типот на релациите и зависи од условите под кои се вози. Некој може ќе троши повеќе во зима, некој може ќе троши помалку. Јас трошам помалку. А тебе само те прашав две прашања, дали важат исто за бензинец и за дизел, пошто ме праша дали возам дизел, а јас уште не сфаќам каква врска има дали возам дизел или бензинец, со мојот одговор.
човекот праша за ДИЗЕЛ ВОЗИЛО ти даваш рапидно повеќе одговори за бензинец и тоа ОБАВЕЗНО се спомиња упалената клима цело време во лето... или што ТИ БИ РЕКОЛ е наведување на погрешен заклучок и одговор, односно членот со поставеното прашање не добил конкретен одговор ако воопшто успее во цел оној текст да го воочи моментот кај што ти велиш “јас на пример“ и после тоа “бензинец“...
или како што друг модератор на форумов, за такви одговори милува да каже е: мешање бибер у секоја манџа не иде...
да ти одговорам сега на твоите две работи (што всушност е една) што мене ме праша: не, не е исто кога се споредува бензинец со дизел... воедно одговорт зашто не е исто, ти го пишав некој пост погоре, но ќе го повторам, малку по сликовито:
збориме за ДВЕ ИСТИ ВОЗИЛА во зимо и лето како се гледаат работите:
затоа што дизелот потешко крева работна температура, т.е. потешко загрева. да, (некој друг праша) дизелот има поголема ефикасност, па согорувањето на горивото повеќе се пренесува во кинетичка енергија отколку во топлинска, наспроти бензинецот (па и на плин кога е) кој повеќе, во однос на дизелот, развива работна температура...
или, пониска раб. температура, автоматски значи поголемо вбризгување на гориво, преку дизните и автоматски значи поголема потрошувачка... можете да барате по нетов, ти симо, милуваш википедија да ја прашаш, повели, прашај ја... а јас ОД ИСКУСТВО ќе кажам дека, во лето на +40 степени, бензинецот ке крене работна температура за 2 минути наспроти дизелот за 4 да речеме... во зимно време на -5 (тој пример беше даден) бензинецот ке крене работна температура за 5 минути, на дизелот ке му требаат минимум 15... одтука и доаѓа разликата ВО ПРОЦЕНТИ што ја спомнав претходно дека дизелот ќе потроши процентуално повеќе во зимо додека да постигне работна температура наспроти бензинецот, па дури и на плин да е... исто така велам и дека тоа не значи дека дизелот воопшто зимно време троши поише литража од бензинецот... никако...
или да сумираме, дека џабе јајме лајна сега, симо пак ќе одговори на овој пост со линкови, правдање и нешто слично се со цел да покаже и докаже дека сепак он е во право... така е симо, во право си, јас нема више да пишувам по ова прашање... ТИ СИ ВО ПРАВО, јас појма немам од ништо и замолувам било кој член да не фаќа здраво за готово било што ќе кажам... и ова погоре што го пишав како и претходните постови, врска немаат со реалноста и ако треба (нека умрам) избришете ги сите... пошто не се точни...
а инаку МОРАМ ДА НАГЛАСАМ дека за истата таа работа како болдираното твое, ВО ТВОЈОТ ПОСТ, како понашање и начин на одговарање на членови кои прашуваат, моите постови од некои теми се бришени, од вас, господата на форумов кои уживаат привилегија да селектираат кого да бришат а кого не, зависно од која страна им е свртен ку*от денес кога станале... да не ги набројувам темите кои се, си знаете... па не гледам дека ти е избришан постот (постовите), напротив тука си, сеуште го браниш својо ЦВРСТ СТАВ дека си во право, ништо не си згрешил и си дал пример кој всушност е ГРЕШЕН ОДГОВОР на човекот кој поставил прашање...
од истата таа причина незнам дали приметуваш, ама во последно време више не ни помагам на луѓе, не ни кажувам не ни одговарам. незнам кој ѓавол ме натера и сега да одговорам на овој член.. да, успешно ја убивате нормалната комуникација на форумов... за жал...