Мoмци дaли некoј имa искуствo сo пoврaт нa ддв oд Бугaријa? Кoнкретнo сaкaм дa купaм звучници oд Технoмaркет вo Бугaријa кoј чинaт 120 еврa. Врaкaaт нa грaницa ддв или не?
isto ja prasuvam.planiram letni gumi da zimam od bugarija.ama nikako da najdam patalec da kaze za ddv povrat
Ланс ако не се лажам не можеш да внесеш гуми во МК. Ќе ти ги земат на митница, освен ако не планираш една по една да ги внесуваш ставени на резервното тркало или ако користиш џокер - повикај пријател. Ќе прашам во Понеделник на Б'лгарската митница на ГП Деве Баир па ќе пишам.
Сум бил во заблуда. Можеш да внесеш нови гуми во МК, не смееш половни.
Se vnesuvaat gumi samo ke si platis carina.
Debelo.
Откако Дено постираше се јавив во Царинска Испостава ГП Деве Баир. Ги прашав дали може да се внесат гуми и ми рекоа дека може само нови но не и половни (таа госпожата цело време се бунеше и велеше поволни
). Купена роба која се внесува во МК и не е за комерцијални цели, значи е за лични потреби и која изнесува до 350 евра не подлежи на царина. Убаво ја прашав госпожата царинарка дали ако внесам 4 нови гуми чиј што износ е 350 евра ќе подлежам на царина пошто според законот не би требало. Одговорот беше следниот: кога доаѓаш на граница за гумите мораш да имаш фактура, ако таа фактура им е сумњива на митничарите т.е ако мислат дека гумите вредат повеќе отколку што е напишано на фактурата пошто се прават малверзации со фактурите (во ф-ра стои 350 евра а во реалноста тие чинат повеќе од 350 евра) тогаш можат да проверат на интернет колку стварно чинат гумите и ако утврдат дека чинат повеќе тогаш ќе ти пишат царина да платиш ако сакаш да ги внесеш која што изнесува 15% од вредноста на реалната цена (не на таа на фактурата) и плус 18% ДДВ (или ди-ви-ди, што викаше баба ми Бог да ја прости
) на царината. Постои можност зависно од царинарот (ако денот му е погоден) да ти прифатат две гуми за нив да не плаќаш царрина а за другите две да ти пишат царина. Потоа ја прашав дали ако со мене патува и сопругата па јас пријавам две гуми и таа две гуми дали тогаш би подлежеле на царина госпожата не знаеше да ми каже, ме вртеше у круг дека све зависи колку чинат гумите а 17 пати и реков дека се до 350 евра и како досега пракса било луѓето за да не им пишуваат царини си внесувале по две гуми. После ова не можев да ја слушам и на љубезен начин ја откачив.
Откако завршив со Деве Баир свртев на ЦИ ГП Делчево и таму митничарот, кого очигледно сум го разбудил, го прашав истото и првин ми рече дека за 4 гуми за лична употреба нема царина само да не се над 350 евра, е кога го прашав ако случајно се над 350 евра а со мене патува сопругата и двајцата пријавиме по две гуми притоа вредноста на двете гуми кај секој од нас поединечно не надминува 350 евра, дали ќе има царина ми рече дека не е сигурен пошто колата е на име на еден од двајцата. Го прашав што врска има на чие име е колата пошто може имам две коли дома, една на мене и една на жена ми и guess what? ...... Мајмунот ми исклучи, изгледа сум го збунил. Му звонам пак и се правам нетокму во стилот... абе нешто телефонот ми се исклучи и он потврдува дека мене ми се исклучил мме... и не знаеше да ми каже што во тој случај.
На крај го прашав дали знае нешто за поврат на ДДВ од Бугарија ми рече дека не е сто посто сигурен ама треба да имаш фактура (не го прашав ама веројатно мислел и на фискална сметка) од купената роба која треба да е од 300 лева (150 евра) па нагоре, ја пријавуваш на митница, ти удираат печат и нареден пат одиш во дуќанот каде си ја купил робата и ти го враќаат ДДВ.
@Ланс моја препорака е земи си 4 нови гуми и стави ги во гепек. Оди и врати се со старите гуми, пошто ако ги возиш новите а старите во гепек и ти отворат гепек старите отидоа курбан. Кога ќе ги пријавиш гледај износот на фактурата и реалниот износ на гумите колку што си ги платил да се исти или ептен блиску, тоа во случај ако си ги платил поскапо од 350 евра а си им кажал да ти напишат 350 евра на фактурата. Ако утврдат дека се поскапи вади се дека ти дале попуст. Земи си уште еден со тебе па можете да пријавите по две гуми секој.
Биди љубезен и моли се митничарот да ја плеснал жена му претходната вечер да му е погоден денот. Датум за одење во Бугарија гледај да ти биде денот кога ќе земат плата митничарите (од 7-ми до 10-ти во месецот беше ако не се лажам) пошто тогаш треба да се пољубезни