Од пред некој ден при работа во место на колата вртежите ми се зголемуваат од 800 на 1000. гледав по интернет, вика алтернаторот не полни доволно па затоа се зголемуваат вртежите или па температурниот сензор.
Возев под повисоки вртежи некое време, потоа при застанување доста подолго колата работеше на 800 врт. Потоа кога се покачија земав исклучив клима, светла, сите потрошувачи на ел. енергија но вртежите не се намалија, а потоа дадов малку гас и веднаш потоа се вратија на нармала (800 врт.) и така си останаа(3-4), не се покачија на 1000. Потоа ја вклучив климата (и вентилаторите со тоа се вклучија) и светлата по некое време(пола минута) се зголемија пак вртежите. Па вајда е алтернаторот?
Да не имал некој случајно ваков проблем?