Автор Тема: Прашања и одговори.  (Прочитано 2227223 пати)

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4018
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #14700 на: 21 Септември 2025, 16:07:06 pm »
Филтерот за масло е на другата страна од моторот. Само тоа треба да се извади за менување на масло.

Тука кај што ти течи или имаат истурено масло, или баш сега ти се погоде нешто дефект да имаш. Таму тие нема што да чепкаат а да е поврзано со маслото.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен JustPotato23

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 13
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #14701 на: 21 Септември 2025, 16:42:34 pm »
Филтерот за масло е на другата страна од моторот. Само тоа треба да се извади за менување на масло.

Тука кај што ти течи или имаат истурено масло, или баш сега ти се погоде нешто дефект да имаш. Таму тие нема што да чепкаат а да е поврзано со маслото.
Абе брат не велам дека сигурно тие направиле нешто, ама течењето на маслото и чадењето почна веднаш по сервисот. Дали е коинциденција или не, не знам, ќе видиме.




Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14717
  • Пудингот на шоферството
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #14702 на: 21 Септември 2025, 21:44:26 pm »
Ти не знаеш,во сервиаот не знаат и сеа ние овде на ќоро треба да знаеме.
Ако не знаеш да познаеш дали од кај шо не треба ти течи масло кли некој во сервисот не ја завршил работата како шо треба тогаш,сликај убави и јасни слики и постирај ги па да можи да се види.
Вака на ќоро да се вежбаме не бидува.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44364
  • Il Moderatore
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #14703 на: 22 Септември 2025, 00:29:56 am »

Вака на ќоро да се вежбаме не бидува.

Ем BMW е, од секаде може да тече уље ;D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Fizzbuzz

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 126
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #14704 на: 22 Септември 2025, 10:26:22 am »
Знае ли некој дали некој произведува или увезува вакви ленти /мрежи во Македонија?

https://www.stainlesssteel-wiremesh.com/ssmesh/conveyor-belt-mesh.html




Отсутен JustPotato23

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 13
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #14705 на: 22 Септември 2025, 11:27:05 am »
Еве сега кажаа од сервисот, дека деклата на моторот била пукната/скршена.

Дали при сервисот ја скршиле или не, не знам ама едвај кажаа шо е работата после еден куп фатени врски.

Ни викаат половна не препорачуваме, одете во продавница за автоделови купете, демек 50-100€ е. Одиме таму во продавница викаат за овај модел ја нема во МК, инаку кошта над 1000€.  :-X

Шо ќе биди понатаму не знам… Дали ќе се оди по судски пат да се докажи, или не, не знам  ама знам дека официјално одморот ни пропадна.

Присутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3137
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #14706 на: 22 Септември 2025, 11:45:15 am »
Ова мене ми личи на прилепски заврзлами си знаел дека има огромен дефкет, па демек одмор ова она па да извлечеш нешто али ајде опасни сте еј прилепчани...

Отсутен JustPotato23

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 13
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #14707 на: 22 Септември 2025, 11:52:13 am »
Ова мене ми личи на прилепски заврзлами си знаел дека има огромен дефкет, па демек одмор ова она па да извлечеш нешто али ајде опасни сте еј прилепчани...
Брат да знаев дека има “голем” дефект немаше да помислам да тргнам на одмор со кола, да си го ставам животот на ивица.

Ако имаше огормен дефект, шо не кажаа во старт дека тоа е дефектно, одете барајте го, а не 3х да ја носам колата и да ме вртат по тавани дека ја поправиле.

Значи кажав, до сервисот никаков проблем немав со колата… Ден после сервисот, почнува да течи масло, коинциденција или не ќе докажи судот.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14705
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #14708 на: 22 Септември 2025, 12:11:38 pm »
Еве сега кажаа од сервисот, дека деклата на моторот била пукната/скршена.

Дали при сервисот ја скршиле или не, не знам ама едвај кажаа шо е работата после еден куп фатени врски.

Ни викаат половна не препорачуваме, одете во продавница за автоделови купете, демек 50-100€ е. Одиме таму во продавница викаат за овај модел ја нема во МК, инаку кошта над 1000€.  :-X

Шо ќе биди понатаму не знам… Дали ќе се оди по судски пат да се докажи, или не, не знам  ама знам дека официјално одморот ни пропадна.

Мал и голем сервис нема врска со пукната декла.

Деклата била пукната кога си ја купил колата, така што на суд ќе паднеш веднаш. Не чепкаат ништо со деклата во сервисот, ОСВЕН пример го испуштиле антифризот, ја запалиле без антифриз и ја заборавиле да ја изгасат па кренала температура.

А со претходниот газда исто ништо не можеш бидејќи купопродажниот го штити него.

Така што, барај си декла, не мора нова, половна и добра, ќе се обработи машински и ќе ти ја наредат.

Не си ни прв ни последен. Нема да те кошта сигурно 1000 евра.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6811
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #14709 на: 22 Септември 2025, 12:13:14 pm »
Брат каков суд, какви адвокати, фискална ти дадоа? Не си ставај нерви, можи е мала работа ќе ја средиш на друго место за брзо и за ефтино и ќе си продолжиш со животот.

Чим ти рекоа 100€ можи мислеа на капакот на вентили и дихтунг за него, го скршија и сега не сакаат да си признаат. Оди на друг мајстор, кога капи до толку сигурно полесно се гледа изворот.

Отсутен JustPotato23

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 13
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #14710 на: 22 Септември 2025, 12:40:36 pm »
Еве сега кажаа од сервисот, дека деклата на моторот била пукната/скршена.

Дали при сервисот ја скршиле или не, не знам ама едвај кажаа шо е работата после еден куп фатени врски.

Ни викаат половна не препорачуваме, одете во продавница за автоделови купете, демек 50-100€ е. Одиме таму во продавница викаат за овај модел ја нема во МК, инаку кошта над 1000€.  :-X

Шо ќе биди понатаму не знам… Дали ќе се оди по судски пат да се докажи, или не, не знам  ама знам дека официјално одморот ни пропадна.

Мал и голем сервис нема врска со пукната декла.

Деклата била пукната кога си ја купил колата, така што на суд ќе паднеш веднаш. Не чепкаат ништо со деклата во сервисот, ОСВЕН пример го испуштиле антифризот, ја запалиле без антифриз и ја заборавиле да ја изгасат па кренала температура.

А со претходниот газда исто ништо не можеш бидејќи купопродажниот го штити него.

Така што, барај си декла, не мора нова, половна и добра, ќе се обработи машински и ќе ти ја наредат.

Не си ни прв ни последен. Нема да те кошта сигурно 1000 евра.
Иако пред сервисот ни капеше масло, ни чадеше, еве да речиме дека била пукната од претходно.

Два пати дополнително да ја носам и да не кажуваат шо е точно проблемот, туку “средивме, залепивме, заштрафивме, итн.” А тек денес после врски, директори и све и свашта да кажат точно шо е проблемот?

Мене ми дава сомнение дека нешто кријат, или еве можеби не знаеле кај е проблемот, ама и тоа не знам дали е помалото зло од двете?

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14705
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #14711 на: 22 Септември 2025, 12:44:20 pm »
Нема што да кријат. Ќе ти кажеле „друже пукната ти е деклата“. Ако ти течела и претходно, уште помалку ќе добиеш на суд. Завршен случај ти е.

Ти се лутиш сега зошто не ти потврдиле дека деклата ти е пукната? :)

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6830
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #14712 на: 22 Септември 2025, 12:53:46 pm »
Па и има право да се лути.
Да однесеш кола што немала проблеми дотогаш, особено како ова за редовни сервиси и ден потоа после сервисот да искочи нов проблем, секако паѓа сомнежот дека во сервисот се случило нешто.

Истото и со нашите службени коли се случува во сервисот каде што ги носиме, буквално после секој сервис на возилото, понешто се случува да не чини и секогаш нивниот одговор они не чепкале таму, не приметиле.

Дали сте чепкале или не, до тој момент колата го немала тој проблем, од моментот кога возилото го напуштило сервисот се појавил проблемот, еве ви ја колата со тој и тој новопојавен проблем, решете го.

Така да треба да си понесе одговорност сервисот ако возилото до моментот го немало тој проблем.

А пукната глава на мотор верувај нема да ја возиш толку долго без проблеми како што кажува членот дека немал проблеми, пукната глава на мотор одма ќе ги направи проблемите, течење масло, а во најмала рака и ќе отиде дихтунг на глава и ќе прегрева.

Така да другар инсистирај си на сервисот да си сноси одговорност, особено што и на второто враќање на возилото ти рекле еве стегнавме штрафови, сега е во ред, а на третово носење еј имаш пукната глава а во мегувреме достегале штрафови, така да моментот со второто носење и достегањето штрафови, па за потоа еј имаш пукната глава итекако го отвора сомнежот дека укашкале работа во сервисот.

Отсутен JustPotato23

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 13
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #14713 на: 22 Септември 2025, 12:58:27 pm »
Нема што да кријат. Ќе ти кажеле „друже пукната ти е деклата“. Ако ти течела и претходно, уште помалку ќе добиеш на суд. Завршен случај ти е.

Ти се лутиш сега зошто не ти потврдиле дека деклата ти е пукната? :)
Па не е лутење туку се работи за одговорност. Плус кажав, дека претходно ништо ни течеше ни чадеше.

Мене ми ја вратија колата со одговор дека се е исправно и после повторен преглед/сервис истото. Јас и двата пати бев спремен да тргнам на долг пат, зашо ми течи закажан одмор.

Ако во старт тоа го кажеа, веднаш ќе си барав чаре и за колата и за одморот.


Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1724
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #14714 на: 22 Септември 2025, 13:05:29 pm »
Под декла 100% мислат на поклопецот на вентили, не на самата глава на моторот. Што и има логика, зошто на сите БМВиња кога тогаш страда/пука поклопецот, и симптомите (капење масло, чадење од страната на издувот кај што капи масло) се поклопуваат или со дихтунг на поклопец или со самиот поклопец. Нов е сигурно 500 и нагоре евра оригинал, ако не ти се даваат барај половен со тоа што очекувај дека ќе треба да го смениш пак за брзо. :)