Автор Тема: Прашања и одговори.  (Прочитано 1989635 пати)

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10487
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #12000 на: 07 Јуни 2023, 07:55:48 am »
Ако е здрав моторот, односно не чука, не фрла масло насекаде и слично и ако не е скапано односно си има добра форма, вратите убаво затвораат и слично тогаш според мене вреди. А чекај, дали имам право да кажам вакво нешто откако фрлив 135000 денари + 1350€ (купена) во возило од 98ма?
А ламела зошто би менувал, или пак сакаш да си биди се ново на незе за да не мислиш дали утре ќе откажи?
Едит: Еве ти листа со делови за мал сервис.
Mann C3394
Mann W714/3
Mann WK830/7
Масло 15/40 било какво
Кога вњќе сакаш да биде перфектно јас би одел на Хенст/Маннн филтри, не можам на интернет да најдам податоци од Хенгст за југото, па најдов од Манн.
Имаш и евтини делови какви што става просечен допственик на Југо, бројчињата ти ги пишав за полесно пребарување.
dobro de ja 6k dadov pa cel sistem za ladenje go menjav . Plus hidraulicna ploca kapak i pumpa za cr treba da mena.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2389
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #12001 на: 07 Јуни 2023, 08:31:49 am »
@Tesla Да беше 65-ка не би се двоумел  :). Ако сакаш по пропис да си ја средиш имаш тема на наш член тука Томица за да видиш како изгледа тоа а мислам дека е доста упатен и во цените на резервните делови. АКо школката е добра (види позади кај кошевите дали е скапана) и моторот е ок, можеби и вреди
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен Tesla

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1441
  • Eбач на батерии :D
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #12002 на: 07 Јуни 2023, 10:05:56 am »
@Tesla Да беше 65-ка не би се двоумел  :). Ако сакаш по пропис да си ја средиш имаш тема на наш член тука Томица за да видиш како изгледа тоа а мислам дека е доста упатен и во цените на резервните делови. АКо школката е добра (види позади кај кошевите дали е скапана) и моторот е ок, можеби и вреди

Ми пиша еден од застава форумот, ми вика млад си, не си ставај трн во здрава нога. :D
Ќе идам сабота да го видам, ако е скапано ептен, ќе оди во отпад.
Д'г ж'т в'к п'н б'и - Долг жолт волк полн болви.

Zenu dupe krasi a tortu orasi.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5623
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #12003 на: 07 Јуни 2023, 10:10:34 am »
Абе земај ако е поклон, како не ми поклони мене некој, и да е скапана   премногу ќе ти се најди, за офроад авантури, по риба,  планини и сл. Во отпад 100е максимумот е шо ќе го земиш.

Sent from my Redmi 4X using Tapatalk

Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17562
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #12004 на: 07 Јуни 2023, 10:45:03 am »
Ако е скапано и не ти фаќа око, понуди го тука или во Застава групите на фејсбук за истата сума што ќе ти ја дадат во отпад - и напомени го тоа..

Сигурно ќе се најде некој што ќе ја искористи колата или како донор, или како нешто друго многу повеќе од што ќе ја искористат во отпадот :)

Отсутен Tesla

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1441
  • Eбач на батерии :D
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #12005 на: 07 Јуни 2023, 11:41:27 am »
Абе лесно е да зборите во туѓо име. Хипотетички реков дека ќе оди во отпад. Не е колата на мое име, што ако се премисли човекот или му се умешаат зетовците.
Вчера отворив фб, има југовци по 300 евра, дремат со месеци. Ниту одам по офроуд, ниту по риба. Едино паркинг може да биде проблем, бидејќи во зграда сум. Ќе пишам исход во сабота/недела
Д'г ж'т в'к п'н б'и - Долг жолт волк полн болви.

Zenu dupe krasi a tortu orasi.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55019
  • Махер
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #12006 на: 07 Јуни 2023, 11:44:01 am »
И да го земеш, не го пипај. Само вози го. Ако има рѓа со стабилизатор за рѓа премачкај, па потоа малку шмиргла. Пак стабилизатор. Китче и спреј. Друго не фаќај штом си вози.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17562
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #12007 на: 07 Јуни 2023, 12:27:37 pm »
Абе лесно е да зборите во туѓо име. Хипотетички реков дека ќе оди во отпад. Не е колата на мое име, што ако се премисли човекот или му се умешаат зетовците.
Вчера отворив фб, има југовци по 300 евра, дремат со месеци. Ниту одам по офроуд, ниту по риба. Едино паркинг може да биде проблем, бидејќи во зграда сум. Ќе пишам исход во сабота/недела

Извини ако си ме сфатил погрешно. Од твојата порака цитирана подоле сфатив дека работата е готова, Југото е твое само треба да се појавиш и да го собереш.

Не оддаде впечаток дека чичкото е пишманаџија или има зетовци табиетлии.

Постар чичко, ми дава, поклонува југо 55.

Со среќа во авантурата.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10487
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #12008 на: 07 Јуни 2023, 14:18:34 pm »
И да го земеш, не го пипај. Само вози го. Ако има рѓа со стабилизатор за рѓа премачкај, па потоа малку шмиргла. Пак стабилизатор. Китче и спреј. Друго не фаќај штом си вози.
Фосфорна киселина ?

Отсутен ialeks

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 303
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #12009 на: 07 Јуни 2023, 14:38:34 pm »
Околу југоа, ние дома уште држиме 55-ка од 1999 год.
Целта ми е да по 10-15 год. то биди пофраерска кола отколку нов VW. Ко сега да
се види реставрирани фичо или пегла.
Секој тип или типка со кеш можи да купи нова скапа кола, ама очуван олдтајмер
нема секој.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10487
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #12010 на: 07 Јуни 2023, 20:30:49 pm »
Napraj ja na sruja.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2389
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #12011 на: 08 Јуни 2023, 08:32:25 am »
Napraj ja na sruja.
Паметно, сега пак ќе се воведе евтина тарифа па нека го вози од 14 до 16 часот, баш во шпицот
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Присутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6491
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #12012 на: 08 Јуни 2023, 09:51:47 am »
Хах, какво полнење дома, во порше за беспари ќе го поврзувам, да се чудат улајте.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14050
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #12013 на: 08 Јуни 2023, 11:36:20 am »
Околу југоа, ние дома уште држиме 55-ка од 1999 год.
Целта ми е да по 10-15 год. то биди пофраерска кола отколку нов VW. Ко сега да
се види реставрирани фичо или пегла.
Секој тип или типка со кеш можи да купи нова скапа кола, ама очуван олдтајмер
нема секој.

Гладна кокошка просо сонува - сите стари коли олдтајмери стануваат кај нас и мислат дека богатство имат некое али ај да не кршам филмови.

Така е :)

Башка тој што има многу пари нема да купува фичо, пегле, југо, ќе си купи прав олдтајмер.

Отсутен ialeks

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 303
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #12014 на: 08 Јуни 2023, 15:15:22 pm »
Околу југоа, ние дома уште држиме 55-ка од 1999 год.
Целта ми е да по 10-15 год. то биди пофраерска кола отколку нов VW. Ко сега да
се види реставрирани фичо или пегла.
Секој тип или типка со кеш можи да купи нова скапа кола, ама очуван олдтајмер
нема секој.

Гладна кокошка просо сонува - сите стари коли олдтајмери стануваат кај нас и мислат дека богатство имат некое али ај да не кршам филмови.

Така е :)

Башка тој што има многу пари нема да купува фичо, пегле, југо, ќе си купи прав олдтајмер.
Законски олдтајмер е возило старо 35 години.
Слободен е светот, кој што сака нека си мисли.

Парајлиите ретко земаат нова кола, стално гледаат минимум неколку години да е, колку да падне цената. Менталитетот им е дека одма се во загуба штом излези од салонот.