Автор Тема: Прашања и одговори.  (Прочитано 1990293 пати)

Отсутен ialeks

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 303
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #11895 на: 18 Мај 2023, 20:13:50 pm »
Голф 5 дизел,  18 год. (полнолетен), скоро 340.000км. Над 50-60 км/ч се слуша некое крчење,
и во брзина и на лер.
Лагер? Зглоб?

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7107
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #11896 на: 19 Мај 2023, 00:27:15 am »
Има некој асален мајстор за VW каде може да се отиде на лице место да погледне кола и да даде дијагностика а да не закажува за 3 месеци ? Кај Митревски може да се отиде или мора преку телефон? Ако има некој телефон нека пушти од него.

Инаку ми се појави некој звук кога тргнува колата од 1 во 2 менува се како што треба ама како првата да продолжува да врти уште 2 секунди на поголеми вртежи, како да не сака мењачот одма да ја откачи.
Иди си кај Митревски, само закажи си на телефон. Мајсториште е.

Отсутен BraneMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1037
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #11897 на: 19 Мај 2023, 09:07:41 am »
Те овој звук го слушам, го има во првите 10 секунди од видеото https://www.youtube.com/watch?v=yrseAZVH6I8&ab_channel=AutoRepairGuys

Изгледа ке треба да мењам замаец...

Имаш број, на тој што го дава на гоогле никој не се јавува?

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2389
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #11898 на: 19 Мај 2023, 09:25:42 am »
@BraneMKD  Може ќе те побара после сам, тоа најчесто го прави попладне, откако ќе заврши со колите што му се во сервис. Јас би отишол на лице место да прашам, објаснам проблемот и да се договорам.
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14052
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #11899 на: 19 Мај 2023, 09:44:29 am »
Те овој звук го слушам, го има во првите 10 секунди од видеото https://www.youtube.com/watch?v=yrseAZVH6I8&ab_channel=AutoRepairGuys

Изгледа ке треба да мењам замаец...

Мене на Зафирата замаецот ми беше лом, ама немав проблем за менување брзини, мада веќе доста време помина не се сеќавам.

Ама звукот како чеканче да мава во мењач е тој. Време е за нов сет.

Пред да се залеташ да купуваш од тука да ти кажам дека имаш дупло поефтина варијанта  https://setkvacila.rs/

Доста луѓе имаме земено од овде, вклучително и од форумов. Ќе ти ги достават до Прешево, и само ќе си ги подигниш. Плаќаш на доставувачот и ти даваат и фискална.

Mogućnost slanja paketa u Crnu Goru i Makedoniju.  Изгледа имаат и финта за Македонија сега. Прашај си.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7107
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #11900 на: 19 Мај 2023, 10:13:11 am »
Те овој звук го слушам, го има во првите 10 секунди од видеото https://www.youtube.com/watch?v=yrseAZVH6I8&ab_channel=AutoRepairGuys

Изгледа ке треба да мењам замаец...

Има некој асален мајстор за VW каде може да се отиде на лице место да погледне кола и да даде дијагностика а да не закажува за 3 месеци ? Кај Митревски може да се отиде или мора преку телефон? Ако има некој телефон нека пушти од него.

Инаку ми се појави некој звук кога тргнува колата од 1 во 2 менува се како што треба ама како првата да продолжува да врти уште 2 секунди на поголеми вртежи, како да не сака мењачот одма да ја откачи.
Иди си кај Митревски, само закажи си на телефон. Мајсториште е.

Имаш број, на тој што го дава на гоогле никој не се јавува?
070 219 086

Отсутен zlatko.s

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 65
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #11901 на: 19 Мај 2023, 10:15:19 am »
другари, имам проблем со Опел Мерива, пред неколку месеци рамнев глава на диктон, се вози со плински уред. Сеа повторно губи вода, не можам да утврдам од каде, под мотор гледам не истекува од некое црево, температурата е Ок во нормала 85-90' . Заменети се тештици од плинот, видливо нема никаде ништо. Сте имале ли ваква ситуација?

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5959
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #11902 на: 19 Мај 2023, 10:16:37 am »
Водна пумпа проверивте?
Таја големата цевка со 2-3-4 излези што е зад мотор што носи антифриз низ цел систем?

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5623
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #11903 на: 19 Мај 2023, 10:21:02 am »
Однеси ја на плинар или механичар, било каде кај што имаат алат за друкање воздух во системот и ќе јави ако бега од некаде. Најдобро е и да ја оставиш таму да преноќи, тотатлно ладен дс е моторот и цревата  и тогаш  да ја надрукаат воздух, одма ќњ јави ако бега од некаде.

Sent from my Redmi 4X using Tapatalk

Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен zlatko.s

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 65
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #11904 на: 19 Мај 2023, 10:29:41 am »
Водна пумпа проверивте?
Таја големата цевка со 2-3-4 излези што е зад мотор што носи антифриз низ цел систем?

Водна пумпа е проверена, и од цевка или црево ако е ќе се гледа под кола, нон стоп проверува под мотор е суво, нема ништо. Единствено се сомневам да не е некаде кај казанчето од парно, да истекува по малку, бидејќи многу кондензација ми појавуваше зимава дури и од внатрешна страна на шофершајбна, да цедиш вода со крпа, што е нелогично, па веројатно се задржува некаде внатре вода. Понатаму се сомневам во врска со казанчето, бидејќи имав слабо парно, односно некако млако дуваше, но се ова е претпоставка, а заебанција ќе биде да треба да се вади, но ако нема избор, тоа е.

Отсутен BraneMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1037
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #11905 на: 19 Мај 2023, 13:09:41 pm »
Бев сега кај Митревски, ја провери колата и кажа некои лагери да се сменат во менувач. Кај нас само во Порше може да се среди или на Косово ми препорача некој сервис што работи само автоматски менувачи. Во Порше термин за 1 месец, реновирале нешто... Да не има некој искуство со овие од Косово ?

Значи нова кола тука купена ~2018 со тогашна цена од 43.000е, на 100.000 цркна водна пумпа, акумулатор и сега проблем со менувач....

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5959
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #11906 на: 19 Мај 2023, 13:18:07 pm »
100.000 се некогаш многу за водна пумпа. А за акумулаторот и менувачот си потполно во право. За што возило се работи напиши тука па да може некој поискусен да ти предложи добар сервис.
Ако е Мерцедес или VW прашај кај Тумбе 07 Чиптунинг во Прилеп.
https://www.facebook.com/tumbe.avtoservis.35?mibextid=ZbWKwL
070 627 774 Ице Тумбе

Отсутен Dule_

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3021
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #11907 на: 19 Мај 2023, 13:18:59 pm »
Ти добар си. Имаше член со октавија што менуваше мењач на 5000км.

Јбг, не е vw што бил порано во однос на квалитет.

Sent from my Mi Note 10 Lite using Tapatalk

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2389
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #11908 на: 19 Мај 2023, 13:20:48 pm »
Дечки, барам капак за мотор (над мотор што стои) за Рено Сеник 2 со 1,5 дци мотор, овој стариот веќе се држи на 1 држач само, на каросерија.мк е со цена 2700 ден (нов кинески/заменски), а кај Самко ми побараа, ако не се лажам 2500 ден за половен оригинал.

Каде на друго место да проверам и да видам некоја поповолна цена?
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7852
  • Плинаш!!!
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #11909 на: 19 Мај 2023, 13:47:47 pm »
Водна пумпа проверивте?
Таја големата цевка со 2-3-4 излези што е зад мотор што носи антифриз низ цел систем?

Водна пумпа е проверена, и од цевка или црево ако е ќе се гледа под кола, нон стоп проверува под мотор е суво, нема ништо. Единствено се сомневам да не е некаде кај казанчето од парно, да истекува по малку, бидејќи многу кондензација ми појавуваше зимава дури и од внатрешна страна на шофершајбна, да цедиш вода со крпа, што е нелогично, па веројатно се задржува некаде внатре вода. Понатаму се сомневам во врска со казанчето, бидејќи имав слабо парно, односно некако млако дуваше, но се ова е претпоставка, а заебанција ќе биде да треба да се вади, но ако нема избор, тоа е.
Чим ти замаглувало многу зимно време, сигурно пушта од казанчето. Па уште ако е мрсно тоа што го бришеш од стакло, тогаш 100% е казанче. Додека не го решиш казанчето не чепкај друго.