Оставам резерва за новиве коли, појма немам какви решенија има, односно можеби е нешто поинаку.
На Симката 2 пати со стариот менувавне само друк лагер (релативно лесно е) поради симптоми при стиснат куплунг.
На југото 2 пати менував сет.
Првиот пат ради друк лагер кој растураше при стисната педала.
На Типото исто зуеше при стиснат куплунг, секако веќе шлајфуваше ламелата па ко божем сет, ама на крај само друк лагер нов, а ламелата се репарираше кај Мирко.
Еве и видео како изгледа демонтажа и монтажа.
Трагите на пипците од корпата (потисната) се од контактот на друк лагерот врз нив кога ќе се стисне куплунгот. Со отпуштање на куплунгот се одвојува друк лагерот.
ПС еднаш се работеше и на мењачот на југото, некој сихрон беше отиден, чинам на прва и трета брзина, и плус некој лагер во мењачот поради звук на мелење во лер при отпуштен куплунг. Нормално, мелењето исчезна.