На Шкода Фелиција 1.3 бензин почнав да слушам звук на гребење метал врз метал од трансмисијата, буквално од кај кутијата за преносот доаѓа звукот. Кога ќе притиснам кумплуг звукот исчезнува, отпуштам се појавува пак. Давање гас во лер со притиснат кумплуг нема звук, со отпуштен кумплуг има звук. ВО возење нз како е, одамна не ја имам возено, случајно денес отворив хауба да видам што е како е и го приметив ова.
Ламелата горе доле е за мењање, ама не знам дали е ова симптом на истрошена ламела/потисна, или нешто сосема друго.
Друк лагер работи и може да слушаш звук од него кога куплунгот е стиснат, кога е пуштен, друк лакерот мирува.
Спротивно на тоа, кога е куплунгот стиснат, ламелата, потисната и менувачот се неподвижни, се врти само замаецот кој во твојот случај веројатно е само големо парче железо и нема што да гребе од него.
Една можност е дека тропаат ламелата или потисната оти на нив има федери кои со тек на време се разлабавуваат.
Второ, звукот да е од самиот менувач, кој се движи кога е пуштен куплунгот.
Обиди се со проверка, ако нема дотури или замени го маслото.
Доколку стружењето е од него, во маслото што ќе го испуштиш ќе има метални остатоци.