Автор Тема: Прашања и одговори.  (Прочитано 2846706 пати)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #10725 на: 16 Јануари 2022, 11:28:01 am »
@ Ако крузаш низ град со точакот  со одредена брзина исто вртиш на педала со 3та и  со 21ва ?
 Уште еден запчаник во  мењачот се тркалата.
Од пост низ некој форум.
Making some assumptions...let's say your current tires are 26" tall. The tires you'll be getting are 28.5" tall. That's 2.5" difference. 2.5 is about 10% of 26. So you'll be increasing tire size by 10%, so you'll decrease engine speed by 10% too.

Assuming you're running about 3000 rpm at 70 mph with the small tires, you'll drop 10% with the big tires. 10% of 3000 is 300, so you'll go down to 2700 rpm.
Ако ја мериш брзина со ГПС ќе ти се намалат/зголемат вртежите.
Ако ја следиш брзината на шалтабла, нема да се променат вртежите.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #10726 на: 16 Јануари 2022, 13:14:26 pm »
значи колометражата ќе почне да лаже, пошто пак ти покажува 100 км/ч, ама возиш уствари 106км/ч, то е муабетов
« Последно менување: 16 Јануари 2022, 14:53:41 pm Bicikle »

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7282
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #10727 на: 16 Јануари 2022, 13:46:28 pm »
А ако ја кренете колата во вис, поточно само погонските тркала, убаците во 5та, го запалите моторот и така додадете гас, колкаво ќе биде отстапувањето во реалната километража и онаа на шалт таблата ? ;D

Малку само логика треба, односно бројот на вртежи на моторот и километражата на шалт таблата секогаш ќе бидат исти.
Само различна ќе биде онаа реалната брзина според гпс вс таа на шалт таблата.
Со помали тркала секогаш реалната ќе биде пониска во однос на таа на табла.
Со поголеми тркала реалната ќе биде повисока од таа на таблата.
Бројот на вртежи на мотор и километражата на табла секогаш ќе биде ист.

Просто и едноставно. :)

Отсутен Diesel

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7003
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #10728 на: 16 Јануари 2022, 15:33:26 pm »
За вртежите и брзината, не знам, ама знам дека со промена на димензии на гуми, поминатото растојание (километри) се менува, на бројчаникот.

Фабричките гуми на Астрата беа 195-60 R15. Лукоил Богородица-дома на паркинг беше точно 10.0 километри, со тие гуми.

Откако сменив димензија 185-65 R15, истата рута, 9.8 километри.

100%, гарантирам.

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7646
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #10729 на: 16 Јануари 2022, 15:48:33 pm »
Затоа што километражата е наштимана со една димензија (фабричката), со 1000 х ротации на главчината да помине 10км пример. Ако на главчината ставиш тркало со поголем дијаметар, со 1000 ротации ќе помине поголема дистанца.

Дизел 185/65 е тркало со поголем дијаметар од 195/60, значи наместо со 1000 ротации, ти си ја поминал истата дистанца со 980 ротации, и затоа отчитало 9.8км. 


Отсутен Ѓорѓи

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1462
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #10730 на: 16 Јануари 2022, 16:26:16 pm »
Дали е можно говедата од Поц да заебат нешто во врска со добошот, кај шо беше поставена канџата на задното лево тркало? Една недела од тогаш и нешто се заеба ќе видам утре на мајстор шо поточно.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6424
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #10731 на: 16 Јануари 2022, 16:38:08 pm »
Си го најдов сам одговорот ама нема везе, спрема мене,обртометарот е фиксна работа, километражот ќе лажи за лажење затоа реков брзината спрема GPS, мислсв ќе потврди некој практично оти ги има низ форумот лете што возат 18ки зима 16ки..
Разликата меѓу овие две гуми е 4.8 %
4.8%  од 3000 обртаи е 144

 Шо значи ако возиме со првите гуми мерено по Џипиес 100кмх со обртометарот на 3000, со вторите гуми мерено по Џипиес по погорната пресметка обртометарот ќе биди на 3000-144, односно на 2856rpm.


« Последно менување: 16 Јануари 2022, 16:44:56 pm vladic3110 »
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #10732 на: 16 Јануари 2022, 16:54:17 pm »
А кој се замара да вози прецизно според џипиес, па уште и да примети разлика во вртежите на моторот?
Уште па ако возат со темпомат :)

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7282
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #10733 на: 16 Јануари 2022, 17:14:04 pm »
Си го најдов сам одговорот ама нема везе, спрема мене,обртометарот е фиксна работа, километражот ќе лажи за лажење затоа реков брзината спрема GPS, мислсв ќе потврди некој практично оти ги има низ форумот лете што возат 18ки зима 16ки..
Разликата меѓу овие две гуми е 4.8 %
4.8%  од 3000 обртаи е 144

 Шо значи ако возиме со првите гуми мерено по Џипиес 100кмх со обртометарот на 3000, со вторите гуми мерено по Џипиес по погорната пресметка обртометарот ќе биди на 3000-144, односно на 2856rpm.
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

А ако ги кренеш погонските тркала во вис, ги извадиш тркалта, ставиш во било која брзина, ете крајната 5та, 6та и додадеш гас и со така крената кола, без воопшто да има тркало на неа, на колку ќе бидат вртежите на шалт таблата кога ќе ти покаже 100 км/ч ? :)

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6424
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #10734 на: 16 Јануари 2022, 17:17:03 pm »
Не би знаел шо треба да ти одговорам на ова, искрено.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7282
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #10735 на: 16 Јануари 2022, 17:27:16 pm »
Па нема да се промени. Односот помеѓу радилицата и преносот (тоа е менувачот и диференцијалот), нема да се промени.

Ти колку сакаш стави поголемо или помало тркало од фабрички пропишаното, ако соодносот на преносот и радилицата е таков да вртежите се 3000 на 100 км/ч, секогаш ќе бидат толку. Секогаш на моторот, односно радилицата ќе и требаат 3000 вртежи за во 5та брзина да го движи возилото на 100 км/ч со тој сооднос на запчаници кој ти е моментално во менувачот и диференцијалот.

Е сега со промена на димензија на тркалото, поголемо или помало, ке ја промениш само брзината на движење на цела кола.

Еве конкретно Дизел погоре пишал дека кога ставил поголеми гуми, километражата сега му покажувала 9.8 км наместо 10 км.

Тоа е така затоа што ако се земе во предвид дека фабриката го штелува брзинометарот со 3 до 5% да покажува повеќе брзинометарот него реалната со пропишана димензија на гуми од самата фабрика, во случајов на членот Дизел каде што става димензија со поголем дијаметар од фабричката, сега фактички тие 9.8 км се поблиску до реалните километри, отколку тие 10 според километража кои не биле реални.

(со 3%, 10х3=30, 30/100=3, односно 300 метри помалку треба од 10 км да биде реалната, а ако е 5%, тогаш 10х5=50, 50/100=5, односно 500 метри. Тоа растојание треба да изнесува од 9.5 до 9.7 км реално).

Ова е веќе цепидлачење.
Главното прашање дали ако ставиш поголема или помала димензија од фабричката ќе придонесе во разлика на вртежи на шалт табла (пример ако обртомерот ако покажувал 3000 вртежи на 120 км/ч со фабричка димензија, после промена на гуми да покажува 3200 на 120 или 2800 на 120), не тоа нема да се случи, вртежите на таблата и понатаму ќе ти покажуваат 3000 на 100 км/ч

Колку повеќе од ова објаснување е потребно да се сфати едноставна работа ја не знам :)


ПС затоа ти го поставив тоа прашање со кренатите тркала во вис, за да сфатиш дека 3000 вртежи се потребни на тој пренос да се движи колата со 100 км/ч.
Кренатите тркала во вис не ја движат колата, меѓутоа погонските тркала се вртат и таблата детектира 100 км/ч при 3000 вртежи.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6424
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #10736 на: 16 Јануари 2022, 17:45:57 pm »
Како бе нема да се промени ете пресметав погоре дека со конкретните димензии се намалуваат обртаите, по твојата логика детски точак со 12ки тркала и точак со 29ки со ист фиксен погон и исто вртење на педалата, двата би се движеле со иста брзина, односно и едниот другиот исто ќе педалаат (педалањето ти се обртаите ете и јас да упростам) кога би возеле 25кмх ?
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7282
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #10737 на: 16 Јануари 2022, 17:55:26 pm »
Епа брзината на самото возило како целина ке се промени. Ако ставиш со помал дијаметар, наместо да се движи целото возило со 100, ке се движи со 95 км/ч.
И километража од 100 км кога ќе ја извозиш, километражникот ќе ти покаже повеќе од 100 км дека си извозел

Ако ставиш со поголем дијаметар, возилото наместо со 100, ќе се движи со 105 км/ч.
На поминато растојание од 100 км. километражникот ќе ти покаже помалку од 100 км дека си извозел.

А и во двата случаеви, радилицата ќе прави 3000 вртежи и на шалт таблата ќе ти покажува 100 км/ч Впрочем и самиот си пишал во постот дека обртаите се фиксна работа.
Не може на табла да добиеш различен број на вртежи со промена на димензија на тркало, ама дека ја променуваш брзината на движење на целата кола, да ја променуваш.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6424
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #10738 на: 16 Јануари 2022, 18:07:38 pm »
Значи се разбираме ама не се разбираме работата, ако се движело со 100, со поголем дијаметар поголема нагазна површина на тркало би се движело со 105 на сат на истите вртежи, ете за тоа се сложивме, шо значи со поголемиот дијаметар ако намалиш од 105 на 100 на сат ќе се намалат вртежите, незнам зошто упорно се става километражот во разговорот  па отсапки па незнам шо, преку џпс мериме, баба лажи џпс не.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7282
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #10739 на: 16 Јануари 2022, 18:15:57 pm »
Ќе се намалат во однос на поминатото растојание или во однос на километражата на шалт таблата ?

Јас затоа ти го споменав моментот со кренатите тркала, бидејки ако ја кренеш колата во вис, ставиш 5та, ги кренеш вртежите на 3000, километражата ќе ти покаже 100 км/ч.
Пушти стоперица, по точно 60 минути бројчаникот на километражата ќе ти покаже точно 100 км повеќе. Ти реално стоиш во место, ама километражата ќе покаже изминати 100 км бидејки се вртеле тркалата.

Не ги мешај вртежите на моторот. Само брзината на движење на возилото се променува.

Е сега бидејки самите фабрики со тие фабрички пропишани димензии на тркала веќе брзината не ти е реална, туку нешто помала од реалната, ја не би ставал уште помали од фабричките. Може само поголеми, ама и тоа до максимум 2-2.5% поголем дијаметар од пропишаниот и тоа е тоа и така би ја добил реалната брзина.