Една консултација пријатели, само кога е ладно, околу 0, а посебно на минусни температури, кога колата ми е надвор оставена, првото палење е доста потешко, некога пали од втор или трет обид, а кога ќе запали има облак од сив чад на кратко и после нема никаков чад. После првото палење, после нема проблем. Акумулатор добар, анласер добар, греачи добри. Некоја идеја што може да биде. Вчера правев мал сервис во Виталеда, ми кажаа за да проверат треба колата 2 дена да ја оставам а моментално ми е луксуз тоа, вака од нога, се сомневаат на дизни, проверуваа на дијагностика, некои вредности на 3-тата и 4-тата дизна осцилирале или сл ама не морало да значи дека е до нив. Јас им спомнав да не е случајно реле за греачи ама ми кажаа дека ќе мора да исфрли грешка ако е тоа, затоа што со дијагностика проверуваа. Знам за бел, сив и црн чад ама ова со сив чад ми е енигма. Некој со слично искуство? Се надевам не е до дизните, ама да прашам, знае некој колку е репарација кај некој саглам бошист?