А бе стрелката паѓа ако е термостатот расипан. Сабајле на ладно запали ја, нека се загрее полека моторот, додека се загрева, со рака допирај го цревото после термостатот кон хладњак. Треба да биде ладно, се' додека не се загрее убаво моторот, и кога ќе отовори термостатот ќе протече топла вода низ тоа црево и ќе се стопли нагло и тоа црево. Ако се топли постепено заедно со моторот, тогаш 100% ти е термостатот отиден.
Што се однесува до греењето во кабина, обично цревата за греење на расплињачата ги врзуваат на тие црева за греењето во кабина. и обично тоа прави проблем, поготово ако ти е расипан термостатот (заглавен на отворено), бидејќи не може да направи добра температурна регулација. Пробај на бензин малце повози ја, да видиш дали ќе биде подобра ситуацијата. На бензин, нема плинот дополнително да ја лади течноста.
Трета работа, да се провери водната пумпа дали функционира како што треба. Знаат тие пластичните импелери да прошлајфуваат на осовината, па да нема добар проток низ системот....