Автор Тема: Прашања и одговори.  (Прочитано 1956387 пати)

Отсутен vandex

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 480
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #8760 на: 14 Август 2020, 20:54:50 pm »
Што е ова со течење кај повеќе коли?  :-[
И кај мене го има ама не можам да одредам што е пошто не сум кај колата.
Кај мојата е кај десното предно тркало кај калникот. Нема мирис, не е мрсно. Толку може да пренесе сопругата.

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #8761 на: 14 Август 2020, 21:31:35 pm »
@vandex Каде ти се наоѓа садот за средството за шофершајбна? Може да е тоа, може и да е разреден антифриз, ако го мешаш со дестилирана. Друго не ми текнува од течности без мирис што не се мрсни

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #8762 на: 14 Август 2020, 22:40:40 pm »
Ме чуди само тоа што откако дополнив еве до ден денес нема ништо потрошено.
Кога искачував температурата беше нормална, не осетив ни перка да уклучи.

Отсутен vandex

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 480
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #8763 на: 14 Август 2020, 23:40:11 pm »
@vandex Каде ти се наоѓа садот за средството за шофершајбна? Може да е тоа, може и да е разреден антифриз, ако го мешаш со дестилирана. Друго не ми текнува од течности без мирис што не се мрсни
@dbl.dzo Да сум до колата ќе најдам од каде тече.
Не знам колку има можност да е кондензација од климата?
Садот за течност за шофершајбна е таму над тоа тркало. И за антифриз е тамо мислам.
Еве еден линк од 1.5dCi ама сличен е со 1.9 и подоле има слика како изгледа моторот со садовите во кои се тураат течност.
https://m.interia.pl/magazynauto/news,nId,645117

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #8764 на: 14 Август 2020, 23:54:01 pm »

@dbl.dzo Да сум до колата ќе најдам од каде тече.
Не знам колку има можност да е кондензација од климата?
Садот за течност за шофершајбна е таму над тоа тркало. И за антифриз е тамо мислам.

Веднаш прво што ме асоцираше над десно предно беа тие двата сада со течности, бидејќи е кај мене се еден до друг. Додуша антифриз може и да мириса, барем G12ката ми мириса мене, ама вака само на слепо муабетиме.

Можно е и кондензација, ама не би требало на тоа место да капи, би капело скоро на средина под колата, ако компресорот и целиот систем ти е со пк каишот врзан

Ај баш ме интересира, кога ќе ја ѕирнеш, пиши што е и дали имаш нешто многу изгубено

Еве еден линк од 1.5dCi ама сличен е со 1.9 и подоле има слика како изгледа моторот со садовите во кои се тураат течност.
https://m.interia.pl/magazynauto/news,nId,645117


Бре, бре, како ја покриле, како ја запечатиле со пластики, да не може да прдне  ;D Само за @Roci да помине со Black in a flash  ;D

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #8765 на: 14 Август 2020, 23:55:28 pm »
@vandex Каде ти се наоѓа садот за средството за шофершајбна? Може да е тоа, може и да е разреден антифриз, ако го мешаш со дестилирана. Друго не ми текнува од течности без мирис што не се мрсни
@dbl.dzo Да сум до колата ќе најдам од каде тече.
Не знам колку има можност да е кондензација од климата?
Садот за течност за шофершајбна е таму над тоа тркало. И за антифриз е тамо мислам.
Еве еден линк од 1.5dCi ама сличен е со 1.9 и подоле има слика како изгледа моторот со садовите во кои се тураат течност.
https://m.interia.pl/magazynauto/news,nId,645117

Седанот2 што го фалиш?

Фрлај тоа ѓубре што тече од секаде и на сите страни и земи нешто посаглам.
Со Југото немав такви проблеми како со Меганот :'(

Најверојатно затнато ти е одводното црево и полека се исцедува водата што се акумулирала под шофершајбната. Ништо чудно и да пробила во кабина кај совозачот.
« Последно менување: 15 Август 2020, 00:06:58 am Mikius »

Отсутен vandex

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 480
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #8766 на: 15 Август 2020, 00:15:00 am »
Веднаш прво што ме асоцираше над десно предно беа тие двата сада со течности, бидејќи е кај мене се еден до друг. Додуша антифриз може и да мириса, барем G12ката ми мириса мене, ама вака само на слепо муабетиме.

Можно е и кондензација, ама не би требало на тоа место да капи, би капело скоро на средина под колата, ако компресорот и целиот систем ти е со пк каишот врзан

Ај баш ме интересира, кога ќе ја ѕирнеш, пиши што е и дали имаш нешто многу изгубено

Еве еден линк од 1.5dCi ама сличен е со 1.9 и подоле има слика како изгледа моторот со садовите во кои се тураат течност.
https://m.interia.pl/magazynauto/news,nId,645117


Бре, бре, како ја покриле, како ја запечатиле со пластики, да не може да прдне  ;D Само за @Roci да помине со Black in a flash  ;D
Мирис нема, нема ниту мрснотија. Дури течноста што ја употребив за шофершајбна има некаква миризба. 
Кога ќе отидам кај колата ќе пишам, сега се затворени граници за влез во ЕУ и не е едноставно патувањето. Тоа е, фати „невереме“ и со границите. :-[

Седанот2 што го фалиш?

Фрлај тоа ѓубре што тече од секаде и на сите страни и земи нешто посаглам.
Со Југото немав такви проблеми како со Меганот :'(

Најверојатно затнато ти е одводното црево и полека се исцедува водата што се акумулирала под шофершајбната. Ништо чудно и да пробила во кабина кај совозачот.
Тие се моторите во Меган и кај други модели на Рено. Не е Меган Седан туку Сеник.
Не знам дали кај Меган имаат доле мал отвор кај нозете. Ако има внатре влага или насобрана течност ќе се осети. Ќе пренесам на сопругата да провери доле ама чисто се сомневам дека има нешто внатре.
« Последно менување: 15 Август 2020, 00:20:24 am vandex »

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #8767 на: 15 Август 2020, 00:23:38 am »
Значи, ако е Меган2ка, седан, хеч, исто е, од надвор кај решетките за воздух пред шофершајбна има како канал за вода. На тој канал се закачени 2 црева лево и десно, отприлика позади предните тркала низ кои истекува водата.
Тие црева се затнуваат и не може да истече водата.

Отсутен vandex

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 480
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #8768 на: 15 Август 2020, 06:39:58 am »
Не е Меган Седан туку Сеник.
Не знам дали кај Меган имаат доле мал отвор кај нозете. Ако има внатре влага или насобрана течност ќе се осети. Ќе пренесам на сопругата да провери доле ама чисто се сомневам дека има нешто внатре.
@Mikius Scenic 2 е колата, не Megane. Дали се исти доле, не знам. Ќе провериме денес дали се собира влага/вода.
Колку за инфо, сите проверки се прават преку интернет пошто не сум физички кај колата.

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #8769 на: 15 Август 2020, 14:40:33 pm »
Имав проблеми со линискиот каиш, ми свиреше при ладен мотор, а кога ќе достигнеше работна температура, се си беше во ред.

Бидејќи ме нервираше тоа така да ми прави, го сменив каишот и шајбната на радилица. После недела дена возење увидов дека свири константно, независно дали ладен или загреан мотор, дали лер или во брзина, цело време свири уште погласно од претходно.

Некој да имал слична мака како оваа?

П. С. @Mikius за пластични делови е малку поспецифично, баш ги растурав фиокчињата на Алфата напред и видов дека се пластични запчаници кои се движат по шина. Еден посилен или поостар потег и толку им е душата на пластичните делови. Користев машинска маст и се помина во најдобар ред.

Провери ги и другите ролери и затегачи, и ако каишот оди и на компресорот за клима и серво пумпата.

Каишот ќе свири ако некоја од тие работи не се движи со иста брзина како другите (ќе пролизгува на ролерот наместо да врти).

Бидејќи се уште си немам отворено тема за мојот болид, не се најде време за тоа, ќе апдејтирам тука.

Проверени сите други ролери и затегачи покрај шајбната на радилица, ниеден од подвижните делови немаше луфта. Па додека бев во Прилеп, механичарите ме препратија кај електричар бидејќи според нив требало да се растура целиот систем тука, да се вади алтернаторот, да се менува кумплунг шајбната на алтернаторот (alternator clutch) итн итн.

Во ред, одам на електричар, кај Лало, на излез од Прилеп и покрај што имаше еден куп работа ја провери. Ја слушна дека свири многу и на загреан и само ми рече дека треба нов пк каиш да сменам, тоа е се.

Се враќам пак кај механичарите, вака и вака, еден Conti 6PK1835 че ве мољим да ми го местите  ;D

Саат време подоцна, се слушаше само милозвучниот тон на ЏеТеДе моторот


Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #8770 на: 15 Август 2020, 14:43:58 pm »
Во последниве 10 години колку пк каиши гледам по улициве, тоа е чудо.

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #8771 на: 15 Август 2020, 14:45:20 pm »
Не сум изненаден да бидам искрен, може и некој мој половичен се врткал на булевар  :-[

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6448
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #8772 на: 17 Август 2020, 07:54:22 am »
Што е ова со течење кај повеќе коли?  :-[
И кај мене го има ама не можам да одредам што е пошто не сум кај колата.
Кај мојата е кај десното предно тркало кај калникот. Нема мирис, не е мрсно. Толку може да пренесе сопругата.

Од климата најверојатно.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #8773 на: 17 Август 2020, 09:06:34 am »
Имав проблеми со линискиот каиш, ми свиреше при ладен мотор, а кога ќе достигнеше работна температура, се си беше во ред.

Бидејќи ме нервираше тоа така да ми прави, го сменив каишот и шајбната на радилица. После недела дена возење увидов дека свири константно, независно дали ладен или загреан мотор, дали лер или во брзина, цело време свири уште погласно од претходно.

Некој да имал слична мака како оваа?

П. С. @Mikius за пластични делови е малку поспецифично, баш ги растурав фиокчињата на Алфата напред и видов дека се пластични запчаници кои се движат по шина. Еден посилен или поостар потег и толку им е душата на пластичните делови. Користев машинска маст и се помина во најдобар ред.

Провери ги и другите ролери и затегачи, и ако каишот оди и на компресорот за клима и серво пумпата.

Каишот ќе свири ако некоја од тие работи не се движи со иста брзина како другите (ќе пролизгува на ролерот наместо да врти).

Бидејќи се уште си немам отворено тема за мојот болид, не се најде време за тоа, ќе апдејтирам тука.

Проверени сите други ролери и затегачи покрај шајбната на радилица, ниеден од подвижните делови немаше луфта. Па додека бев во Прилеп, механичарите ме препратија кај електричар бидејќи според нив требало да се растура целиот систем тука, да се вади алтернаторот, да се менува кумплунг шајбната на алтернаторот (alternator clutch) итн итн.

Во ред, одам на електричар, кај Лало, на излез од Прилеп и покрај што имаше еден куп работа ја провери. Ја слушна дека свири многу и на загреан и само ми рече дека треба нов пк каиш да сменам, тоа е се.

Се враќам пак кај механичарите, вака и вака, еден Conti 6PK1835 че ве мољим да ми го местите  ;D

Саат време подоцна, се слушаше само милозвучниот тон на ЏеТеДе моторот



Сега го гледам овај пост.

Алфа 147 јтд треба специфичен ПК каиш. Gates (ultra grip) или Конти. Јас сум ги имал и двата и немало проблем. Ми има кажано матичниот дека ако не ставиш ваков каиш има да да попушти доста брзо.

Иначе смени си го матичниот. Оди си во Пинтија кај Жарко, многу полесно ќе ги решаваш проблемите.

Отсутен vandex

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 480
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #8774 на: 17 Август 2020, 09:24:34 am »
Што е ова со течење кај повеќе коли?  :-[
И кај мене го има ама не можам да одредам што е пошто не сум кај колата.
Кај мојата е кај десното предно тркало кај калникот. Нема мирис, не е мрсно. Толку може да пренесе сопругата.

Од климата најверојатно.
@Power to the people И јас се сомневам ама среде лето кога стигнува да кондезира?  :-[
Ќе ја носи сопругата на мајстор некој сервис да и направат па ќе видиме. И таман летни гуми да смениме.