Автор Тема: Прашања и одговори.  (Прочитано 1956313 пати)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #8775 на: 17 Август 2020, 09:26:51 am »
Среде лето ако не кондензира не знам кога.

Отсутен vandex

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 480
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #8776 на: 17 Август 2020, 09:35:34 am »
@Mikius Не работи колата, се чува во гаража, затворена е, а кондензира.
Би требало ова да се случува на зима, а не на лето.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #8777 на: 17 Август 2020, 09:49:36 am »
Дај бе брат убаво објасни од А до Ш што со колата, се утепавме од дијагностицирање а таа да не се возела и плус во гаража ти стоела.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6448
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #8778 на: 17 Август 2020, 09:50:13 am »
Добро е што ти капи, инаку вкабина ќе ти се собира.

ЕДИТ, кога ќе ја прибериш вгаража, ако си ја користел климата таа уште некое време ќе капи. Е сега и утре ако капи, не е вода.

Отсутен vandex

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 480
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #8779 на: 17 Август 2020, 10:06:16 am »
@Mikius Сто пати пишав дека колата е на 1.000km од мене и не сум физички до неа, дека проблемите се решаваат преку интернет.
Еве еден цитат од мене дека сум го навел тоа, има други претходно во темава :-\

Колку за инфо, сите проверки се прават преку интернет пошто не сум физички кај колата.

@Power to the people Стои почесто во гаража, еднаш неделно се вози.
Капи доле кај десниот преден калник. Нема мирис, нема мрснотија.
Првично и јас се сомневав во кондензација од климата ама веќе е топло, а климата воопшто не се користи кога се вози еднаш неделно.
Средството за шофершајбна е тоа од зимата од лани кога бев кај колата. Тоа има специфичен мирис за арома внатре во колата кога би се уклучила вентилација, но не е тој мирис од таа течност.

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #8780 на: 17 Август 2020, 11:00:44 am »
@osmica8 да да да, кај Жаре редовно си одам, сега пред месец дена ми ја смени предницата, за еден ден ја заврши, дечкото најкоректно си работи. Велам дечко, бидејќи уште е млад. Плус ја правеше пред да одам на одмор, баш му кажував дека во Охрид сакам да одам, па ми рече - ќе ти проверам и други работи што треба и ќе ти ја извадам пластиката од доле, да си го испереш моторот, да видиш кај ти губи масло, не сакам да те пуштам така на пат. (Нели тоа во пп што зборевме) Значи стварно extra mile работи Жаре.

Али есента 2019та бидејќи се преместуваше во другата гаража, немаше се уште струја донесено, само еден генератор имаше за основните работи, не му работеа двете дигалки. Мене баш таа недела ми се скина пк каишот во дворот на ФЕИТ и ми ја оштети шајбната од компресорот од климата. Немав избор да појдам во Ѓорче (читај да ме шлепаат) бидејќи колата не беше drivеable.

Па циркузи беше тоа, со @bubeqwerty сме оделе до Лисиче за да го прават компресорот кај Плимонт, па 40 минути назад со бус до Ѓорче  ;D

И баш сега кога ја менуваше предницата, ми вика - не ти е соодветен пк каишот, другиве мајстори ја погодуваат должината во мм и бројот на ребра, ама треба да се мести малку поеластичен. И скроз во право беше, најмногу му верувам нему.

Eдит: @vandex - глупаво прашање, ама си нагаѓаме сеа да пројде времето - случајно да не капи врз возилото од горе од гаражата, баш тука кај десното тркало? Ам дан пропуштат таванот/плочата или да имаш тука нешто што си капи, ама нема врска со возилото? 

Отсутен vandex

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 480
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #8781 на: 17 Август 2020, 11:07:30 am »
Па циркузи беше тоа, со @bubeqwerty сме оделе до Лисиче за да го прават компресорот кај Плимонт, па 40 минути назад со бус до Ѓорче  ;D

Вие ептен сте имале авантура со влечна служба и со автобуси.  :o

Eдит: @vandex - глупаво прашање, ама си нагаѓаме сеа да пројде времето - случајно да не капи врз возилото од горе од гаражата, баш тука кај десното тркало? Ам дан пропуштат таванот/плочата или да имаш тука нешто што си капи, ама нема врска со возилото?
Не е глупаво, сите нагаѓаме дури и јас.
Капките се гледаат на самиот калник, ако имаше некое течење од горе (цевка или слично од таванот) ќе се забележи и на самата кола горе.
Во секој случај и овој момент ќе го провери сопругата. Немате само појма како е за никаде во сред пандемија да немате како да се снајдете, вака преку интернет само нерви кинеме со сопругата додека најдеме некој мајстор да ја погледне. Во странство не е како кај нас да се знаеш со луѓето, знаат и да те „опнат“ по џебот и за банална работа.  :-\

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #8782 на: 17 Август 2020, 11:24:30 am »
Вие ептен сте имале авантура со влечна служба и со автобуси.  :o

Eве сум јас:

"James has bought an AA truck. We said italian mid-engined supercar, not a truck"  ;D ;D



Не е глупаво, сите нагаѓаме дури и јас.
Капките се гледаат на самиот калник, ако имаше некое течење од горе (цевка или слично од таванот) ќе се забележи и на самата кола горе.
Во секој случај и овој момент ќе го провери сопругата. Немате само појма како е за никаде во сред пандемија да немате како да се снајдете, вака преку интернет само нерви кинеме со сопругата додека најдеме некој мајстор да ја погледне. Во странство не е како кај нас да се знаеш со луѓето, знаат и да те „опнат“ по џебот и за банална работа.  :-\

Се надевам дека не е некој масивен проблем, па да има цели локви течност на земјата. Пак ќе речам - не знам колку е кондензација, ако стои возилото во гаража постојано, ама сево ова е на слепо проверување. И се познава дека не си као - „абе ај остави го возилото, ко ќе се вратам, ќе го видам, ќе го решам“ Туку сакаш сега да го решиш вчера проблемот :)


Отсутен vandex

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 480
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #8783 на: 17 Август 2020, 12:17:40 pm »
@dbl.dzo ќе се носи на мајстор, бараме во моментов на кое место бидејќи не познаваме никого. :(
Замислете каков стрес може да биде за жена која е без сопруг за колата да ја носи во странство сама. Да беше Македонија можеби е друга приказна, има роднини/пријатели ќе излезат во пресрет, слично како тебе што заедно со пријател сте го решиле проблемот и сте имале „авантура“, но сам многу потешко се поминуваат проблемите. 

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #8784 на: 17 Август 2020, 12:28:39 pm »
@vandex тоа сакав да те прашам, бидејќи низ муабетиве не сфатив точно кој од вас е во странство, мислев дека ти си. Да беше обратната ситуација, сопругата и возилото да се во Македонија, одма е друга ситуација, ќе помогне татко, брат, братучед, мајстор на лице место одма ќе дојде.

Не за друго, за некоја ситница можат и да и наплатат „дебело“ . Баш се сеќавам лани, сестра ми во Германија имала некој минимален проблем со палењето на Голф 4, ја оставил на семафор, 230 евриќи и наплатиле, со шлеп со сите салтанати  :-\

П.С. Со среќа дечко, апдејтирај кога ќе можеш и без (многу) нервози.

Отсутен vandex

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 480
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #8785 на: 17 Август 2020, 12:50:07 pm »
@dbl.dzo фала на разбирањето, верувам дека е тешко да ме сфатите бидејќи ретко кој се нашол во сред пандемија да не можеш да појдеш кај сопругата или таа да дојде. После враќањето од Македонија таму мерките се ригорозни и се губи работата поради самоизолацијата. Ако немаш годишен одмор да го искористиш за самоизолација не планирај враќање во Македонија. А јас зимата демек дојдов на кратко и се случи тоа што се случи, од тогаш наваму сите знаеме како е.

Мене за 200 и кусур евра ми поправија полнење на вода во колата од сончев кров. Демек ја сушеле. Мислев ај до кај 100 евра ама ко ме удрија 200 и кусур и од тогаш пет пати мерам. За проблем со брисачот на оваа кола сега што ја имам Сеник 2 ми побараа да оставам викенд кај нив. Луѓе, цел викенд да ја оставам за да поправат брисач?  :-[
100 метра подоле друг мајстор, влеговме кај него ја поправи 15 мин. побара пари колку за едно кафе. Сепак му оставивме 20еур пошто срам ми беше помалку. Сега се мислиме кај него повторно, тој е босанец и да пробаме да ја среди тоа што е за средување.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #8786 на: 17 Август 2020, 12:53:29 pm »
Немој само кај Србин, тие работат само со Српски клучеви ;D

Отсутен vandex

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 480
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #8787 на: 17 Август 2020, 14:51:10 pm »
Не сум во тек, што е со србите и српските клучеви?  :-[

Отсутен ARMEX

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3616
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #8788 на: 17 Август 2020, 14:52:50 pm »
Тоа по мое скромно познавање е чекан :D

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #8789 на: 17 Август 2020, 15:25:51 pm »
Оф бе да. Кога отидов кај велиспедџија ми рече - К*рка, ќе мора со српски клуч на делов.

Не се вратив тука уште еднаш.