Дечки мала помош за другар. Се работи за брава на гољф 5, си работи нормално и пали секогаш од прва, ама веќе има мал отпор. Сака да ја подмачка, прашањето е со што, и дали воопшто да ја чепка. Читав многу работи ама не знам кое реално функционира ( машинско масло, WD40, јаглеродна паста).
Лани осетив на i10ката отпор во бравата при вртење во моментот кога треба да се завергла. Отидов во сервис, заборавив да прашам со што шприцнале.
Пред некој месец повторно осетив, се јавив да прашам бидејки ме мрзеше да скокнам до нив. Шприцнале wd40. Шприцнав и јас.
Делотворно е во мојот случај, што не значи дека и кај другар ти ќе биде. Нека се консултира со некој што ја разбира проблематиката.
@Zile, со Арис Деграс го чистам филтерот од аспираторот (на извлекување) за кујна, ги чистам и шините во кои има лагери. Тешко се извлекува од маснотиите. По чистењето од маснотиите шините сеуште се движат тешко. Прскам wd40 и потоа летаат
Ќе заборавев, бравата од кваката на Југото ми кочеше и ја подмачкував со машинско уље, но се пократко траеше ослободувањето. На крај ја извадив, се зацементирала прашината измешана со уље.. Ја очистив и ја шприцнав со wd40 и го решив долгорочно проблемот.