Автор Тема: Прашања и одговори.  (Прочитано 2846879 пати)

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5525
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #7650 на: 25 Август 2019, 15:47:46 pm »
Најверојатно реглерот те зеза, по мерењето што си го праел нема некое големо отстапување.

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6316
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #7651 на: 25 Август 2019, 19:05:12 pm »
Тоа струјата 12.9 е одкако ќе го извадам од полнач.. Потоа како го возам така си паѓа волтажата (посебно ако сум со светло вклучено)..

Каблите од напојувањето (посебно конекторите) се вжештуваат премногу.. Еден конектор више е изгорен..Тоа ваљда нема струјата кај да оди и си стои во каблите.. реглерот воопшто не пренесува/распоредува..


Отсутен LostParadise

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 64
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #7652 на: 26 Август 2019, 16:01:07 pm »
Здраво момци, имам проблем се работи за Ford 1,6tdci 90коња. Ако некој имал слично искуство па да помогне.
Низ град се си е океј, влече без проблем, но на автопат како во 5та брзина да не прима гас.
До 120kmh крева лесно, потоа некако одвај до 140kmh на прав пат.
Кога ја држам во 5та полна гас, ни обртаите мрдаат ни брзината мрда, измеѓу 120-140kmh.
На стрмниот пат ми се случи да почне да ми намалува од 130 до 80kmh помислив да не пукнало некое вакум црево или да не расипало турбо, сменив во 4та стоеше на 80kmh и кога помина стрмниот пат пак убрза до 120-140mh.
На автопатот колата не беше натоварена, имаше околу 20литри нафта, климата не беше пуштена. Ниедна сијаличка не свети на таблата.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #7653 на: 26 Август 2019, 17:24:36 pm »
Турбо?

Отсутен LostParadise

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 64
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #7654 на: 26 Август 2019, 17:47:38 pm »
Турбо?
Мислиш турбото е отидено?

Отсутен BrziGonzalez

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1296
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #7655 на: 26 Август 2019, 17:59:17 pm »
Турбо?
Мислиш турбото е отидено?
Чури ли позади? Дали додава сама или одзема сама гас при нормална вожња на аутопат да речеме? Кога ќе дадеш на гаста примнува па престанува да влече или не влече цело време? Извади црево провери дали има луфта турбото и дали има уље внатре. Биди внимателен да не ти скине турбо во вожња, ако ти натепа обртаи заебано е за гасење...

Отсутен BrziGonzalez

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1296
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #7656 на: 26 Август 2019, 18:05:29 pm »
PS: Овие 1.6 тдци мислам дека имаа некој чест проблем со едно грдо црево, знам дека со овој мотор скоро сите го имаат сменето... Беше за турбо или интеркулер ама не ме фаќај за збор, не сум сигурен. По упатените членови за Фордо нека асистираат...

Отсутен LostParadise

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 64
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #7657 на: 26 Август 2019, 18:21:23 pm »
Чури ли позади? Дали додава сама или одзема сама гас при нормална вожња на аутопат да речеме? Кога ќе дадеш на гаста примнува па престанува да влече или не влече цело време? Извади црево провери дали има луфта турбото и дали има уље внатре. Биди внимателен да не ти скине турбо во вожња, ако ти натепа обртаи заебано е за гасење...
Одеднаш кога ќе ја стегнам гаста во 1,2,3та фрла дим малце и прекинува, на мали обрати нема дим полека ако стискам на гаста.
Кога давам гас влече се до 4та до 120-140kmh, после не мрдаат обраите.

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6316
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #7658 на: 26 Август 2019, 19:13:29 pm »
Најверојатно реглерот те зеза, по мерењето што си го праел нема некое големо отстапување.
Денеска мерев статорот жиците во лер се околу 16/17 волти, со туража се качува 50/60... Све живо и диво побарав по нетов и гледам дека све си е нормално...

Едино останува уште акумулаторот.. Дали можи тој нешто да нечини (нов е али можи да не се погодил, кинески е 9ah 12v..) На полнач мислам дека си се полни нормално али на моторот не...

Отсутен BrziGonzalez

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1296
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #7659 на: 26 Август 2019, 20:39:18 pm »
Чури ли позади? Дали додава сама или одзема сама гас при нормална вожња на аутопат да речеме? Кога ќе дадеш на гаста примнува па престанува да влече или не влече цело време? Извади црево провери дали има луфта турбото и дали има уље внатре. Биди внимателен да не ти скине турбо во вожња, ако ти натепа обртаи заебано е за гасење...
Одеднаш кога ќе ја стегнам гаста во 1,2,3та фрла дим малце и прекинува, на мали обрати нема дим полека ако стискам на гаста.
Кога давам гас влече се до 4та до 120-140kmh, после не мрдаат обраите.
Хмм, ДПФ има ли колата?
По ова што кажуваш колата влегува во LIMP мод, бидејќи нема друго објаснување да иде до 120/140 и после да се мачи...
Може многу смешна и глупава работа да ја става во LIMP мод и да не и дава да оди... Треба да се провери убаво

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #7660 на: 26 Август 2019, 21:23:13 pm »
да, турбина, маф, контролер на елиси од турбина ( или заглавнеа да е )...

Отсутен MAPJAH

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7203
  • Бенве сие бенве
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #7661 на: 26 Август 2019, 23:18:28 pm »
Затнат издувен систем според мене.

Sent from my VTR-L29 using Tapatalk


Отсутен LostParadise

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 64
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #7662 на: 27 Август 2019, 00:39:28 am »
Хмм, ДПФ има ли колата?
По ова што кажуваш колата влегува во LIMP мод, бидејќи нема друго објаснување да иде до 120/140 и после да се мачи...
Може многу смешна и глупава работа да ја става во LIMP мод и да не и дава да оди... Треба да се провери убаво
Нема DPF бидејќи е 90коња. Тој мојот од 109hp мислам има DPF

Отсутен LostParadise

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 64
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #7663 на: 27 Август 2019, 00:39:52 am »
Затнат издувен систем според мене.

Sent from my VTR-L29 using Tapatalk
Од што би можело да се затне?

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #7664 на: 27 Август 2019, 00:47:58 am »
Од нафта, лошо согорување, лошо уље, испарувања од уљата, истропени карики ( ако често масти) . Саѓи едноставно, само тука прво удира чадот па најмногу се лепи и тоа е убаво залепен. Четка челична, нафта, малце прашина и ќе сија :)
Може и лежиштата или семеринзите да се отидени, но ќе вади звук, ќе троши масло,ќе имаш масло во усисната грана и ако не го санираш на време и ќе се запали ( мада ни требало да има заштита од runaway ).
Исто така наслаги во усисот, (после турбината) може да имаш и од пареите од моторното масло, со тек на годините се таложи, и мислам дека едино  решени е механички да се исчисти, ништо страшно или компликовано.