Имам проблем со задниот лев прозор на Ауди А4, па ме интересира ваше мислење :
Имено, пластчниот дел во кој влегува сајлата од подизачот беше скршен, па купив нов како би го заменил. До тогаш целиот механизам функционираше најнормално (при употреба на копчето за прозор, сајлата се движеше но поради скршената платика, не го движеше прозорот) Откако го сменив делчето и го вратив прозорот заедно со подзачот на место, кога ке се обидам да го затворам прозорот, нема апсолутно никаква реакција.
Претпоставив моторчето дало душа, но конекторите на десната задна врата се исти со конекторите на левата, па истестирав на неа, моторчето си работи без проблем.
На двата приклучоци (оној кој влегува во моторчето и оној на Б столбот) прснав со контакт-спреј случајно да не нема контакт - Ист проблем.
Некој да не случајно знае што пропуштам пред да ја носам на електричар или што ми преостанува да пробам ?