Побарав понуда од www.setkvacila.rs за сет квачила и замаец за колата на дедо ми (Polo 1,9 D) обичен дизел 1999 година на производство и ми понудија од сетот на Валео по цена од 175 евра (10.800 ден). Едно време беа добри Валео, па некое време имаше по некоја рекламација (од тоа што читам по форуми, искуства и сл). Цената е екстра со оглед дека тука кај нас му побараа околу 17.000 денари (само не знам за која фирма производител) ама сепак битен е и квалитетот, некој искуство, информации ? Благодарам
Јас купив од таму пред 3 години. Поминати преку 20к. Ламелата, потисна и лагерот беа од Турција, замаецот Италија.
Земав и поврат ДДВ, документите откако ги заверив на српска царина ги пратив по пошта кај другарка во Белград, па неа и ги дадоа.
Пазете многу со тоа курсевите, тој мајмунот од шоедиција сигурно ми зема плус 10 евра. Нека ти каже Србо колку во динари треба да му дадеш, пошо тоа бара шпредитерот.