Дали има Tax Free од Бугарија и ако да, која е процедурата?
Поточно ме интересира за Decathlon.
Taxfree реално имаш на стока што се извезува/ќе се користи надвор од ЕУ. Дали, во случајов Decathlon, имаат опција за taxfree, треба да ги прашаш нив.
Инаку процедурата е стандардна и највеќе зависи од продавачот дали соработува со некоја агенција или сами си ја врзат taxfree процедурата, како plaisio.gr на пример.
На излез од државата идеш на нивна царина, ти стават печат на taxfree документите кои претходно треба продавачот да ти ги спрема - од тука натаму зависи од продавачот.
Ако е преку агенција, можеш некаде во Скопје да си ги земеш парите, нормално со провизија. Доколку не е преку агенција, треба да идеш да си ги земеш од продавачот во рок од 1 или 3 месеци.
Пример plaisio.gr се ептен фини, па парите ти ги префрлаат на сметка, откако на е-мејл ќе им испратиш копија од документацијата со печат од царина.