Автор Тема: Прашања и одговори.  (Прочитано 2235018 пати)

Присутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5931
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #6870 на: 22 Декември 2018, 16:25:53 pm »
@MecheTo ако била електрична клапната и ја имаш рачно отворано затварано за чистење голема веројатност дека ќе треба да си бараш нова, земи испрскаj да не ти влегва фалш воздух од негде, иначе кајмене е електрична два пати со спреј ја имам чистено, нема потреба од прекалибрација
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #6871 на: 22 Декември 2018, 23:55:10 pm »
зш се догаѓа тава работа ако ја движиш ручно ?

Присутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5931
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #6872 на: 23 Декември 2018, 00:27:27 am »
Голема веројатност да заебиш запчаници и све на то моторчето ако е електрична.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен antibiotic1

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 314
  • МАЗДАШ
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #6873 на: 24 Декември 2018, 09:25:13 am »
Дали поени можам да упишам во Скопје а регистрацијата ми е од друг град или мора да биде во местото каде се води регистрацијата на колата?
Mazda's never die, they just get faster.

Отсутен JezuzNoChill

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1016
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #6874 на: 24 Декември 2018, 09:31:40 am »
Каде што ти е возачката таму и поените.

Sent from my Pixel 2 XL using Tapatalk


Отсутен srgjan

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 33
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #6875 на: 24 Декември 2018, 09:57:23 am »
 Здраво до сите.Ме интересира каде можам да купам футроли или незнам како се викаат за чување на гуми кога не се користат?Благодарам.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6434
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #6876 на: 24 Декември 2018, 11:16:11 am »
Фино дебели црни вреќи за ѓубре.

Бар јас така правам.

Отсутен Leon-cist

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 781
  • .
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #6877 на: 24 Декември 2018, 12:16:56 pm »
Чисто информативно:
Кај 5-ката на татко ми нешто ми тропаше и јас како неук мислев дека имам проблеми со летвата. Одам кај тој фербер во лисиче за консултација и он потврдува да вика за репаразија е и ќе кошта 8000 ден. Бев кај вториот летваџија златаноски и он истите зборови. На крај одам кај мојон матичен мајстор и он после првин пробна вожња, на дигалка колата и оп следното: 4 чаури предни за менување и 2 стабилизатора, успат и предниот лагер затоа што ми зуеше малку. Јас право во автоделови ги купив сите чаури и лагерот фаг се на се за 7800 ден + 3000 ден работна рака. Ма каков проблем со летва каков бутур, ги сменив сите тие делови што ми кажа матичниот и предницата топ, ни крцка ни тропа.

Поука: електричните летва не се расипуваат лесно но кога ќе се расипаат не се поправат, на нив само семеринзите се менувале и осовината ќе се прешелувало а проблемот не би се решел ( ова ми го кажа учителот на двете погоре споменати летваџии).

VW MK-7 (1.6 тди)

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20212
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #6878 на: 24 Декември 2018, 13:42:41 pm »
Кој е учителот?

Отсутен srgjan

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 33
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #6879 на: 24 Декември 2018, 14:47:12 pm »
Фино дебели црни вреќи за ѓубре.

Бар јас така правам.
 Ок тоа знам но ме интересира дали негде се продаваат тие навлаки или футроли.

Отсутен marko89s

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 7
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #6880 на: 24 Декември 2018, 19:34:52 pm »
За Fiat Punto 1.2 2009  кој бренд на водна пумпа ке ми препорачате да е квалитет и каде да купам оргинал ?
Дали да барам со метална или пластична перка ? Фала друштво.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6812
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #6881 на: 25 Декември 2018, 07:27:40 am »
Фино дебели црни вреќи за ѓубре.

Бар јас така правам.
 Ок тоа знам но ме интересира дали негде се продаваат тие навлаки или футроли.
Ибеј, амазон, кај нас се сомневам дека некој носи, нема кој да купи, а јас ни вреќи не купувам.

Отсутен marko89s

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 7
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #6882 на: 25 Декември 2018, 11:29:20 am »
Земав Водна Пумпа - Metelli , ја однесов кај мајсторот ми вика дека фали гумичка (означено на сликата, во жлебот околу перката) сабајле отидов на неколку места секаде истава Metelli водна пумпа доаѓа без таа гумичка па се одлучив да земам Valeo или некоја друга и на секоја налетав на истото има жлеб али доаѓа без гумичка, мајсторот ми вика дека мора да има гумичка или дихтунг околу перката 100% во спротивно ќе течело.
Дали некој се разбира да објасни во што е работата, се работи за  Fiat Punto Classic 1.2 8v 2009.
ова се сликите
https://imgur.com/a/N8L7aUq
https://imgur.com/a/xGx0Ilj

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #6883 на: 26 Декември 2018, 01:18:54 am »
’Беш му матер кај тебе изгледа е без гумица, е сега зативка мора да има, или да делкаш плута/кингерит или flex seal на crc, тоа една туба е 700 денара, 100% ќе залепи, инаку силикон е тоа. Еве на нет не најдов ниту еден пример со гумица. А и неккао ждлебот е плиток како би имало гумица.
Патем тоа флек сеалот се нанесува од двете страни, се мести но не се затега до максимум, него само лабаво и идентично, се чека да се подзуши пола саат  па се стега скроз, али за сигурно прочитај го упатството, одамна немам работено, да не сум го измешал со некое друго.
Не дека имам кој знае колку пумпи видено, ама 10-тина имам видено и менето, и прв пат гледам без диктон, но све си бива.
Сепак ти спомни му кингерит или силикон на мајсторот пред да бидеш 100% сигурен дека нема никава заптивка тука...

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8005
  • Плинаш!!!
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #6884 на: 26 Декември 2018, 06:37:50 am »
Сите мајстори тука силикон ставаат. И да има гумица брзо ке пушти, не се квалитетни.

Sent from my Huawei P Smart using Tapatalk