Од пред некое време имам некој проблем со колата и незнам што може да е. Прво ми се расипа едниот држач на мотор, и тресеше моторот. Го сменив , моторот се смири.
Арно ама во последно време приметувам друго нешто, кога возам било која брзина има страшно јак притисок внатре во кабината на колата, дури ушни тапанчиња да те заболат.
Тоа почнува отприлика од 1800 обратаи па нагоре дур не смениш брзина и обртаите да паднат под 1800. Нема врска ладна загреана секад е исто. Слушам во последно време тропа некоја дизна, тоа е едино нешто што сум приметил. Уље е сменето од скоро секако и филтер за уље и воздух. Филтер за нафта треба да мењам кај и да е више го возам 30000км. Се работи за мазда 3 1.6 дизел 2005.
Мислам дека последно што возев долга релација на отворено , откако ја дотерав до 150-160 брзина како да се опраи, и мислев готово нешто било затнато се среди. Сабајлето палење пак ист проблем дури и кога ке загрее како што пишав.. Некој има идеа до што може да е?
Турбо е репарирано лани си влече колата како што треба само ете мн тресе...