Автор Тема: Прашања и одговори.  (Прочитано 2852627 пати)

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7282
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #6555 на: 27 Септември 2018, 16:18:14 pm »
Стави си разводна капа од кај Кико фаворит таа што ја има, 400 денари чини кај него. Ја од кај него ја земав, еве 2 години и мислам 8000 км ја возам, работи. А палецот од Авто Цо го земав, мада и тој набавува VIKA, така да исто ти се фаќа дали кај него или кај овој.
На крај краева што се замараш кога палец и разводна капа чинат заедно 550 денари. Багатела, нека те истера пар години, ќе ја смениш ако те зеза, не си ја платил 50 евра па да се тресиш.

Отсутен Mihail

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 187
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #6556 на: 27 Септември 2018, 23:09:34 pm »
Дали знае некој во Скопје-во кој ги сервисира или менува конекторите на оние црева со брзи спојки што се користат во системот за довод на гориво познати како Dorman.
конкретно за вакви спојки :





фала унапред о.О

Отсутен NUME

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5729
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #6557 на: 28 Септември 2018, 10:48:26 am »
дпф клинер...се става у резервоар и чисти гареж и дпф...некој стаил...го бива?

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #6558 на: 28 Септември 2018, 13:45:18 pm »
Најчестно членовите го вадат ДПФ комплетно надвор физички. Меѓутоа во твојот случај најдобро да излезеш на отворено и да не трошиш пари на маркетинг.
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4786
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #6559 на: 02 Октомври 2018, 11:04:16 am »
Никој не беше на изложбата на класични аута во д.маало викендов? @zeroSignal Некоја слика пуштете. Си ја видов омилената масл кар...


Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7458
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #6560 на: 02 Октомври 2018, 12:45:01 pm »
Никој не беше на изложбата на класични аута во д.маало викендов? @zeroSignal Некоја слика пуштете. Си ја видов омилената масл кар...
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Појава во живо е....

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20400
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #6561 на: 02 Октомври 2018, 14:35:25 pm »
5-30 или 5-40 масло за тди 131?

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6711
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #6562 на: 02 Октомври 2018, 14:38:01 pm »
5-30 или 5-40 за тди 131?
5-30 и да исполнува 504/507.

Стариот стандард за тој пд мотор е 505 01 и во современиве масла го има само во motul x-clean 5w40, останатото е све 5-30 504/507.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20400
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #6563 на: 02 Октомври 2018, 14:45:24 pm »
Која е разликата меѓу 5-30 и 5-40? Ќе побарам 5-30 со овој стандард сега побарав гледам нема 5-40 со овој стандард. Каде ја најде информацијава да не пишувам пак за другата кола?

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6711
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #6564 на: 02 Октомври 2018, 14:55:58 pm »
Батали градациjaта како таква која е разликата, све е во адитивите. Сите 504/507 масла се лонглајф и како такви нудат многу добра заштита на долг рок, мало абење и што е најважно многу мало ниво на пепел што директно произведува поголеми проблеми за дизели поради дпф и егр.

Тука на форумов има една голема заблуда дека демек со погусто масло го штитиш моторот а уствари само зголемуваш потрошувачка, моторот произведува поголема количина на пепел и со самото тоа повеќе шанса за гареж и проблеми со егр.

Инаку стариот 505.01 стандард важеше само за ПД моторти и промена на максимум 15.000 поради начинот на кој што дизните и брегастата работат нели под огромен притисок и маслото мора да биде со највисоките стандарди, но дури и лонг-лајф неможе да издржи таков притисок над 15.000км. 504 и 507 е понов стандард и го преполовува 505.01 така да фурај што и да најдеш дали било кастрол, мотул, елф, ликви моли итн освен нели како што кажав мотул х-клеан 5-40

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20400
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #6565 на: 02 Октомври 2018, 15:06:23 pm »
Во ред ќе барам масло со овој стандард. Колку може да зголеми потрошувачка? Последниве 2 сервиси не ми е ко што треба ни по стандард ни по градација затоа што не ги правев јас туку татко ми и малце чудно се понашаше колата.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6711
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #6566 на: 02 Октомври 2018, 15:38:17 pm »
Со 5-30 ќе намали потрошувачка, тоа ми е зборот. Заблудата е дека со поретко масло си го абел моторот. Драпај си мадиња се вика тоа.

Мислам дека пд моторите се нај сензитивни по користење на масло со потребна спецификација, така да нема заебанции со тој мотор. Кога уствари ќе замислиш под кој притисок работи брегастата каде што главна задача и се вентилите нагоре надоле + кај овој мотор го контролира функционирањето на дизните. Самиот простор е многу помал за разлика од комон реил дизел и поради тоа притисокот е огромен и барањата за врвно масло се големи за да може да го издржи тој притисок. Со обично 5-40 или 10-40 масло само предизвикуваш беља.

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7846
  • French diamond
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #6567 на: 02 Октомври 2018, 15:43:58 pm »
Уште еден експерт на сите полиња. Браво.

Отсутен changetheoil savethecar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1083
  • Best Motors Worldwide
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #6568 на: 02 Октомври 2018, 17:02:15 pm »
Батали градациjaта како таква која е разликата, све е во адитивите. Сите 504/507 масла се лонглајф и како такви нудат многу добра заштита на долг рок, мало абење и што е најважно многу мало ниво на пепел што директно произведува поголеми проблеми за дизели поради дпф и егр.

Тука на форумов има една голема заблуда дека демек со погусто масло го штитиш моторот а уствари само зголемуваш потрошувачка, моторот произведува поголема количина на пепел и со самото тоа повеќе шанса за гареж и проблеми со егр.

Инаку стариот 505.01 стандард важеше само за ПД моторти и промена на максимум 15.000 поради начинот на кој што дизните и брегастата работат нели под огромен притисок и маслото мора да биде со највисоките стандарди, но дури и лонг-лајф неможе да издржи таков притисок над 15.000км. 504 и 507 е понов стандард и го преполовува 505.01 така да фурај што и да најдеш дали било кастрол, мотул, елф, ликви моли итн освен нели како што кажав мотул х-клеан 5-40
мора и јас малку да се уклучам :)

„Батали градациjaта како таква која е разликата, све е во адитивите“
-Покрај адитивите поголема улога за квалитетот и издржливоста на малсото е базното масло од што е создадено, дали синтетичко, минерално, естер пао итн... само добра комбинација од овие компоненти дава краен квалитетен производ моторно масло.

„Тука на форумов има една голема заблуда дека демек со погусто масло го штитиш моторот а уствари само зголемуваш потрошувачка, моторот произведува поголема количина на пепел и со самото тоа повеќе шанса за гареж и проблеми со егр“
-погусто масло произведено од исти базни масла и со ист модерен пакет на адитиви подобро го штити моторот него поретко масло на високи температури и на високи обртаи. Скоро сите рејсинг масла имаат градации 0в40 5в50, 10в60, 10в40 а Мотул има специјално ЛеМан масло које е 20в60 ’300V LE MANS 20W60“ што се користи во трката ле Ман 24ч.. Значи да запомнеме, високи температури во моторот подобра заштита со погусто масло. Во пракса тоа би значело ако ја цедиш колата на автопат до 4-5к обртаи да, 5в40 има повеќе резерви. Тоа со потрошувачката е точно, погусто повеќе троши.

-Моторот не произведува пепел, пепелот на кој ти мислиш што е во маслото се создава при согорување на маслото кога не може да ги издржи јаките температури, тогаш таа пепел оди директно во дпф филтерот и не може да се испразни со регенерирање, затоа поквалитетни масло со јаки адитиви и базни масла имаат пониска NoAck вредност која се наведува во %.  Врвните масла имаат вредност до макс. 7% од 7% до10% е веќе одлично од 10-12% стандард АЦЕА Ц3. Мобил1 есп формула 5в30 има ноак вредност од одприлика 6%. Покрај ноакот битен фактор е и вредноста HtHs (High temperature High Shear), хтхс според мене треба да биде мин.3,5 или повисок.

Гареж и проблеми со агр настануваат од издувните гасови кои се враќаат повратно во моторот до 2,5к обртаи, обично во градска вожња, затоа се препорачува дизели барем еднаш месечно да се вадат на автопат над 3к обртаии да се издуваат.

Било како било 5в30 со 504/507 адитивен пакет е за нормлано возење идеална градација и за во град и на отворено.

5в40 само ако навистина е потребно.

исто мора да се напомене дека при согорувањето на честитките во дпф филтерот, се вбризгува дизел да се зголеми температурата и убрза регенерациајта и на тој начи се разредува маслото. затоа мора и тоа да се има во предвид дека колку повеќе се вози колата во град толку повеќе трпи маслото и се разградува побрзо. дизелот потешко испарува од бензинот.

да скратам, 5в40 масло не создава поголем гареж и пепел од 5в30 масло, напротив можно е и да создава помлаку. дпф филтерот се полни од сулфатната пепел и фосфорот во маслото. спецификациајта ацеа ц3 или 504/507 наложува макс 0,8% сулфатен пепел во адитивите. Затоа сите масла го користат терминот Low SaPs ili MidSapS Sa-Sulfatash Ps-Phosphor. Колку повеќе маслото согорува толку повеќе пепел оди во дпф филтерот.
Така да погусто масло со 5в40 кое има ист пакет на адитиви и базни масла е ермички постабилно и поотпорно на согорување.
ДПФ филтерот ги собира штетните честички од дизелот и ги согорува. тоа пред се се спојки од јаглероводороди.



---Best Motors Worldwide---
       (Oo=[][]=oO)

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20400
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #6569 на: 02 Октомври 2018, 17:26:41 pm »
Со 5-30 ќе намали потрошувачка, тоа ми е зборот. Заблудата е дека со поретко масло си го абел моторот. Драпај си мадиња се вика тоа.

Мислам дека пд моторите се нај сензитивни по користење на масло со потребна спецификација, така да нема заебанции со тој мотор. Кога уствари ќе замислиш под кој притисок работи брегастата каде што главна задача и се вентилите нагоре надоле + кај овој мотор го контролира функционирањето на дизните. Самиот простор е многу помал за разлика од комон реил дизел и поради тоа притисокот е огромен и барањата за врвно масло се големи за да може да го издржи тој притисок. Со обично 5-40 или 10-40 масло само предизвикуваш беља.

Ќе пишам што ќе испадне со потрошувачката ако има некоја разлика, мене највеќе ме нервира што моторот некако гласен ми е моментално за разлика од пред 20000км. Едниот сервис беше со 10-40, а моментално возам 5-40 некое Тотал беше. Не е ни битно, фала и ќе го направам со 5-30 сега за околу 1 месец мислам дека ќе ми е време за малиот сервис.