Автор Тема: Прашања и одговори.  (Прочитано 1957599 пати)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #960 на: 15 Декември 2015, 22:43:31 pm »
хахаха :D Просечна 60-70 до работа и назад?! :D :D :D Јак хумор... Денес се враќав 45 минути до дома...13-14 километри пат.... сигурно 60 просечна..... Пола од тоа да беше, среќен ќе бев :D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Filip_90

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1839
  • VW Golf 5 1.9 TDI
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #961 на: 15 Декември 2015, 23:10:08 pm »
За последното прашање, да. На дизелот му треба подолго време да постигне работна температура.
А зошто му треба повеќе време да постигне работна температура(без разлика дали е лето или зима)? Зошто е поефикасен од бензинскиот мотор и повеќе од енергијата претвара во работа, а со тоа помалку од енергијата се претвара во топлина.

Е сега процентуално колкава е разликата во потрошувачка помеѓу загреан и незагреан мотор (без разлика дали дизел или бензин) незнам колку е, и дали воопшто има? Ако некој некаде сретнал вaков податок нека сподели. :)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #962 на: 15 Декември 2015, 23:14:49 pm »
Не може тако податок да има, затоа што многу зависи од тоа во какви услови се вози. Ако возиш неколку километри, веројанто често нема да постигне работна температура при ладно време, но ако ја возиш неколку десетици километри, тогаш времето на загревање има далеку помала улога во целокупната потрошувачка, па следсврено и процентуалната разлика ќе биде другачија.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #963 на: 16 Декември 2015, 01:29:11 am »
исто како правилото што го наметнуваш цело време т.е. СО КЛИМА... повеќето не возат цело време со клима... ок, и кај мене е нон стоп вклучена, ама на повеќето не им е... а да ти кажам дека има сеуште во голема колична возила кои и немаат клими...

значи, не ја турај климата на кантар кој ќе тежи на грешната страна...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #964 на: 16 Декември 2015, 07:32:53 am »
Не наметнувам никакво правило. Да те потсетам на првата реченица од мојот одговор:  „Зависно од тоа како се вози.“ Потоа да те потсетам на почетокот на втората реченица: “ Кај мене на пример,....“ и така натаму. Значи ниту сугерирам ниту наметнувам правило ниту ништо. И едното и другото важи подеднакво и за бензинец и за дизел. Зависи од типот на релациите и зависи од условите под кои се вози. Некој може ќе троши повеќе во зима, некој може ќе троши помалку. Јас трошам помалку. А тебе само те прашав две прашања, дали важат исто за бензинец и за дизел, пошто ме праша дали возам дизел, а јас уште не сфаќам каква врска има дали возам дизел или бензинец, со мојот одговор.
« Последно менување: 16 Декември 2015, 07:40:18 am Simo - Carrier159 »

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Filip_90

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1839
  • VW Golf 5 1.9 TDI
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #965 на: 16 Декември 2015, 22:09:30 pm »
Не може тако податок да има, затоа што многу зависи од тоа во какви услови се вози. Ако возиш неколку километри, веројанто често нема да постигне работна температура при ладно време, но ако ја возиш неколку десетици километри, тогаш времето на загревање има далеку помала улога во целокупната потрошувачка, па следсврено и процентуалната разлика ќе биде другачија.
Абе мислев ете сабајле на -5 степени ја палам колата од пред Хотел Белви и возам до Автокоманда по автопат со 120км/ч (или додека постигне 90 степени, односно работна температура). Нареден пат ја возам истата релација со загреан мотор со иста брзина.
Е сега колкава ќе е разликата во литри на 100км. Баш треба да се проба овa. :)
« Последно менување: 16 Декември 2015, 23:13:26 pm Filip_90 »

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #966 на: 16 Декември 2015, 22:37:32 pm »
Не наметнувам никакво правило. Да те потсетам на првата реченица од мојот одговор:  „Зависно од тоа како се вози.“ Потоа да те потсетам на почетокот на втората реченица: “ Кај мене на пример,....“ и така натаму. Значи ниту сугерирам ниту наметнувам правило ниту ништо. И едното и другото важи подеднакво и за бензинец и за дизел. Зависи од типот на релациите и зависи од условите под кои се вози. Некој може ќе троши повеќе во зима, некој може ќе троши помалку. Јас трошам помалку. А тебе само те прашав две прашања, дали важат исто за бензинец и за дизел, пошто ме праша дали возам дизел, а јас уште не сфаќам каква врска има дали возам дизел или бензинец, со мојот одговор.

човекот праша за ДИЗЕЛ ВОЗИЛО ти даваш рапидно повеќе одговори за бензинец и тоа ОБАВЕЗНО се спомиња упалената клима цело време во лето... или што ТИ БИ РЕКОЛ е наведување на погрешен заклучок и одговор, односно членот со поставеното прашање не добил конкретен одговор ако воопшто успее во цел оној текст да го воочи моментот кај што ти велиш “јас на пример“ и после тоа “бензинец“...

или како што друг модератор на форумов, за такви одговори милува да каже е: мешање бибер у секоја манџа не иде...

да ти одговорам сега на твоите две работи (што всушност е една) што мене ме праша: не, не е исто кога се споредува бензинец со дизел... воедно одговорт зашто не е исто, ти го пишав некој пост погоре, но ќе го повторам, малку по сликовито:

збориме за ДВЕ ИСТИ ВОЗИЛА во зимо и лето како се гледаат работите:
затоа што дизелот потешко крева работна температура, т.е. потешко загрева. да, (некој друг праша) дизелот има поголема ефикасност, па согорувањето на горивото повеќе се пренесува во кинетичка енергија отколку во топлинска, наспроти бензинецот (па и на плин кога е) кој повеќе, во однос на дизелот, развива работна температура...

или, пониска раб. температура, автоматски значи поголемо вбризгување на гориво, преку дизните и автоматски значи поголема потрошувачка... можете да барате по нетов, ти симо, милуваш википедија да ја прашаш, повели, прашај ја... а јас ОД ИСКУСТВО ќе кажам дека, во лето на +40 степени, бензинецот ке крене работна температура за 2 минути наспроти дизелот за 4 да речеме... во зимно време на -5 (тој пример беше даден) бензинецот ке крене работна температура за 5 минути, на дизелот ке му требаат минимум 15... одтука и доаѓа разликата ВО ПРОЦЕНТИ што ја спомнав претходно дека дизелот ќе потроши процентуално повеќе во зимо додека да постигне работна температура наспроти бензинецот, па дури и на плин да е... исто така велам и дека тоа не значи дека дизелот воопшто зимно време троши поише литража од бензинецот... никако...

или да сумираме, дека џабе јајме лајна сега, симо пак ќе одговори на овој пост со линкови, правдање и нешто слично се со цел да покаже и докаже дека сепак он е во право... така е симо, во право си, јас нема више да пишувам по ова прашање... ТИ СИ ВО ПРАВО, јас појма немам од ништо и замолувам било кој член да не фаќа здраво за готово било што ќе кажам... и ова погоре што го пишав како и претходните постови, врска немаат со реалноста и ако треба (нека умрам) избришете ги сите... пошто не се точни...

а инаку МОРАМ ДА НАГЛАСАМ дека за истата таа работа како болдираното твое, ВО ТВОЈОТ ПОСТ, како понашање и начин на одговарање на членови кои прашуваат, моите постови од некои теми се бришени, од вас, господата на форумов кои уживаат привилегија да селектираат кого да бришат а кого не, зависно од која страна им е свртен ку*от денес кога станале... да не ги набројувам темите кои се, си знаете... па не гледам дека ти е избришан постот (постовите), напротив тука си, сеуште го браниш својо ЦВРСТ СТАВ дека си во право, ништо не си згрешил и си дал пример кој всушност е ГРЕШЕН ОДГОВОР на човекот кој поставил прашање...

од истата таа причина незнам дали приметуваш, ама во последно време више не ни помагам на луѓе, не ни кажувам не ни одговарам. незнам кој ѓавол ме натера и сега да одговорам на овој член.. да, успешно ја убивате нормалната комуникација на форумов... за жал...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #967 на: 16 Декември 2015, 23:10:03 pm »
Онак... го отупе преку секоја мерка. Јас кажав кај мене како е. И дека зависи од режимот на употреба на возилото. Значи не секогаш во зима колата троши повеќе без разлика дали е дизел или бензинец. Ако не се согласуваш со тоа, ок. Кажи си го твоето мислење.
Немам јас цврст став за ништо. Јас реков кај мене како е. Ете ти не палиш клима, некој и нема клима. Кај нив е другачија ситуација. Некој вози екстремно долги, некој екстремно кратки релации. Знам луѓе секој ден од Гостивар што доаѓаат во Скопје да работат, кај нив минимална улога игра загревањето на моторот во целокупната потрошувачка лето или зима. Возат дизел. А имам колега на работа кој не поминува ни 1.5км до работа секојдневно со колата. Вози бензинец аутоматик. 3.0l V6. Во зима потрошувачката му е осетно погоелма иако вози во лето со клима.
Не може да биде цврст став „зависи од условите на возење“. Помек став здравје. Одговор на човекот „дали дизелот троши повеќе во зима“ без да ги согледаш условите од типот колкаво растојание поминува, дали вози во град или отворен пат, дали користи клима итн. не може да се даде.

Ако, ете мојот одговор е грешен, кој одговор му го даде ти на човекот за да му се разјасни мистеријата?
Наместо лично да напаѓаш и плукаш по администрација, и по начинот на комуникација на формуов, погледни си го твојот начин на комуникација прво.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Marakana

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 886
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #968 на: 16 Декември 2015, 23:16:53 pm »
Kaj mene dizelot trosi poveke zimno vreme, od pricina sto prvo ja palam kola pa posle cigara. Dodeka ne ja ispusam ne trgam, dodeka letno vreme rabotava e "pali vozi". Kako pred rabota taka i posle rabota, znaci  otprilika 8-10 min. dnevno kolata raboti poveke vo mesto zimno vreme, minimum.Toa puta 22-23 dena i toa e.
Коме је суђено да буде јебан, том гаће саме падају

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #969 на: 17 Декември 2015, 00:00:25 am »
Онак... го отупе преку секоја мерка. Јас кажав кај мене како е. И дека зависи од режимот на употреба на возилото. Значи не секогаш во зима колата троши повеќе без разлика дали е дизел или бензинец. Ако не се согласуваш со тоа, ок. Кажи си го твоето мислење.
Немам јас цврст став за ништо. Јас реков кај мене како е. Ете ти не палиш клима, некој и нема клима. Кај нив е другачија ситуација. Некој вози екстремно долги, некој екстремно кратки релации. Знам луѓе секој ден од Гостивар што доаѓаат во Скопје да работат, кај нив минимална улога игра загревањето на моторот во целокупната потрошувачка лето или зима. Возат дизел. А имам колега на работа кој не поминува ни 1.5км до работа секојдневно со колата. Вози бензинец аутоматик. 3.0l V6. Во зима потрошувачката му е осетно погоелма иако вози во лето со клима.
Не може да биде цврст став „зависи од условите на возење“. Помек став здравје. Одговор на човекот „дали дизелот троши повеќе во зима“ без да ги согледаш условите од типот колкаво растојание поминува, дали вози во град или отворен пат, дали користи клима итн. не може да се даде.

Ако, ете мојот одговор е грешен, кој одговор му го даде ти на човекот за да му се разјасни мистеријата?
Наместо лично да напаѓаш и плукаш по администрација, и по начинот на комуникација на формуов, погледни си го твојот начин на комуникација прво.

така е... во право си... за се си во право...

ај со здравје... ;) ;D
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен brm brm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2648
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #970 на: 17 Декември 2015, 01:01:37 am »
Одговорот на моето прашање дали повеќе троши во зима го добив веднаш штом прашав- генерално, така било. Толку сакав да знам... Да не должам со уште прашања, фала ви за одговорите, какви и да се, не е на одмет друго мислење и искуство да слушнеш. Позз

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5047
  • The Spartan General
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #971 на: 17 Декември 2015, 07:44:31 am »
Kaj mene dizelot trosi poveke zimno vreme, od pricina sto prvo ja palam kola pa posle cigara. Dodeka ne ja ispusam ne trgam, dodeka letno vreme rabotava e "pali vozi". Kako pred rabota taka i posle rabota, znaci  otprilika 8-10 min. dnevno kolata raboti poveke vo mesto zimno vreme, minimum.Toa puta 22-23 dena i toa e.

Работа во место е многу непрепорачливо за еден мотор (било дизел или бензин).
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #972 на: 17 Декември 2015, 09:38:49 am »
Тоа за многу старите мотори чии пумпи за масло немаа доволно притисок да го вртат маслото додека работат во место. Новите мотори немаат гајле во врска со тоа.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5047
  • The Spartan General
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #973 на: 17 Декември 2015, 09:42:51 am »
Тоа за многу старите мотори чии пумпи за масло немаа доволно притисок да го вртат маслото додека работат во место. Новите мотори немаат гајле во врска со тоа.
Не знам дали е во врска со притисокот на масло.

Кај новите мотори, кога работат во место, работат со побогата смеса, кое во превод значи повеќе загадување и останати честички после согорувањето.
Кај дизел тоа значи ЕГР-то внесува повеќе гасови за досогорување (повеќе саѓи) + ако има ДПФ го запушува побрзо.
Кај бензинец катализаторот го папа од богатата смеса. Затоа (барем кај моите две БМВиња, во книгата пишува палиш-возиш. Нема чекање. така го продолжуваш животот на катализаторот и самите ламбда сонди. Плус, помалку загадуваш :) )

пс. Ова е мое мислење.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #974 на: 17 Декември 2015, 10:04:20 am »
Тоа е твое мислење... ама држи вода и има логика.