Да не отварам посебна тема, моментално го возам Пунтото 2 на татко ми, со 1,2 мотор 16 в и 80 кс, го возев по Куманово, после дојдов Скопје и утредента сабајле до работа, се беше ок. Утре на тргнување од работа, после 5 минути почна чудно да се однесува колата. Изразито во прва брзина, на тргнување целата кола тресе (не сецка, бобина и кабли сменети пред месец дена во Фиат Велиновски). Буквално воланот ми скока во раката. Одлично забрзува, мирно работи во лер. Некоја идеја што може да биде?