Здраво момци, имам проблем се работи за Ford 1,6tdci 90коња. Ако некој имал слично искуство па да помогне.
Низ град се си е океј, влече без проблем, но на автопат како во 5та брзина да не прима гас.
До 120kmh крева лесно, потоа некако одвај до 140kmh на прав пат.
Кога ја држам во 5та полна гас, ни обртаите мрдаат ни брзината мрда, измеѓу 120-140kmh.
На стрмниот пат ми се случи да почне да ми намалува од 130 до 80kmh помислив да не пукнало некое вакум црево или да не расипало турбо, сменив во 4та стоеше на 80kmh и кога помина стрмниот пат пак убрза до 120-140mh.
На автопатот колата не беше натоварена, имаше околу 20литри нафта, климата не беше пуштена. Ниедна сијаличка не свети на таблата.