Ај да прашам нешто, што не верувам дека ќе добијам одговор, ама ај можеби е нешто очигледно што не ми иди на памет.
Задна магленка на Меган 2 (не свети, никогаш не ми работела):
- на ракетата и таблата функционира добро, вртиш се пали сијаличето, вртиш се гасни
- назад измерено постојано ~10.7V, без разлика дали е пуштена или не
- на истиот кластер е и за рикверц светлото, ја делат масата, ист тип сијалица е, ги променив не е до сијалицата
- нема посебен осигурувач за магленката, и се друго работи, проверив ~11.4V напон на задно светло кога свети
- кога пуштам позиција, светла, долги, предни магленки, си штрака нешто кај осигурувачите под хауба, задна магленка не штрака
Чаре, голф?