onak@
Ја палев пред поострите свиоци за да подзакочам,да добијам кочница но како што кажав во интервали од по 20-30 секунди и пак ја гасев,додека беше запалена беше ставена во 4 или 5 брзина за да ми помогне во кочењето а и мислам дека на тој начин моторот се лади,или грешка сум....
ептен си грешка... чим нема разладна течност, никако неможе да се лади... да, со моторно кочење на удолница, моторот се лади побрзо, затоа што нема толку многу детонација во цилиндар, нема толку греење, но има побрзо вртење на водата (антифризот) низ целиот систем преку блок-глава, хладњак и назад... без течност ништо...
еве како се прави тоа, значи совет за други кои би се нашле во ваква или слична ситуација:
за моторно кочење во удолница, без да го загревате моторот, а тој да врти, клучот ке го турите во прва позиција т.е. на прв контакт. тоа е контакт кој дава струја на сите други електроники, светла, жмигавци итн итн, воланот го држи откочен, но не дозволува моторот да работи... е тука можете да си правите моторно кочење, воедно и хидрауликата (вакумот) за кочниците ке ви работи, па така и кочница-педалата за кочница ке стане мека, т.е. онаква каква што е кога работи моторот, барем се додека правите моторно кочење... ова го правите во 5-та (или ако има и 6-та може) брзина и без нагло отпуштање на кумплунгот, за да не направите беља некоја со ребрастиот. кога ке почне да врти, не му се замарајте, затоа што тогаш врти со многу ниски обртаи и не е страшно воопшто, сем ако сте апла пред мењање на ребраст каиш, тогаш и јас би се подразмислил дали да или не... плетвар, стража, водно.. кај било на јаки удолници е ефективно... моторот врти, но всушност не работи.. нема доток на гориво (потрошњата е нула), свекиците не фрлаат искра итн итн, освен стар тип на дизел кој во првите неколку секунди ке го подмоча низ дизни притисокот што го набил претходно и толку, нема понатака да пушта нафта, бидејки и на бош пумпата електро вентилот го држи затворен дотокот на гориво...
На Голф 3 тди 110кс во било која брзина при 2000 обртаи сецка/трокира колата само на горнина а на рамно ретко, што може да биде?
Бил на мајстор пријателов, му рекле дека е до иглица на бош пумпа и да си ја смени со половна бош, друг мајстор му препорачал целосно чистење на системот за гориво 
Никој незнае??
Онак друже? 
цел систем за гориво да се чисти е глупо... ама можно е од негде да сиса воздух.. околу сите споеви на доводното црево со гориво да се сменат стегите и ОПТИЧКИ (со око и пипање) да се проверат цревата да е има некое пукнато... ако некое црево е многу укрутено (што би се рекло како пластика станаот) сменете го со ново, барем евтини се цревата сега...
ако после тоа пак прави така, тогаш нека проба со адитив за чистење на дизни. го има по бензинскиве..нека земе само некој подобар бренд.. например на вурт, или К2, или ренко... и нека ја удвои дозата... ако вели дека треба да се тури на 50 литри нафта, нека го тури на 25 и нека извози... нека излезе на автопат малку, нека го тргне патосникот од под педала и нека стиска некое време, не подолго од 5-10 минути.. после само нека го дотроши горивото до крај следните денови...
ако после тоа нема епилог со решение, ке мора бош пумпата да се извади и препровери кај некој бошиста...
пиши што сте направиле...