ова значи дека или е акумулатор или нешто уште посмешно може да биде.. на пример, оксидиран контакт на клемите... или не ретко се случува, кабелот од маса на акумулатор, кај што иде на шасија да се поврзе, на тоа место оксидирал спојот па слабо пренесува струја... може и реле некое да биде... начелно не е некој квар што е тежок за откривање...
по мое јас би седнал и изгубил 20-тина минути, да ги пуштам и исчистам сите контакти на каблите поврзани со акумулаторот, па после проверка дали е или не е до нив. ако се среди проблемот тоа е тоа, ако пак го има следен чекор после чистењето е, од друга кола, со кабли ке поврзам и ако треба 10 пати ке заверглам и изгасам.. ако со тоа се деси да не титне ниеднаш тогаш акумулаторот отишол т.е. пред цркнување е, ама не би се затрчал да купам одма, бидејки колата пали, а зимава е прикрај, така да цело лето ке истера.. таму крај на септември-октомври ке купам друг... доволно време имаш и да си одбереш по кеиф и да одвоиш средства за убав и квалитетен акумулатор...
кај мене на комбето се манифестираше таква глупост... на прво палење, завлекува во верглањето... како на пола снага, а кога ке загрее, верглаше топ, како мина... а акумулаторот нов... али не го есапев баш многу, пошто ми палеше. цело време мислев дека е нешто до алансерот... се додека еден убав утрински ден не завергла воопшто и го изгуби контактот... отворив кај акумулаторот и почнав околу плусот да чепкам. на крај испадна дека кабелот од масата, врзан за шасија го изгубил контактот скроз... го преврзав убаво, исчистив како што треба, и комбево почна да вергла и на ладно, како да е загреан моторот... сакам да кажам, обична мала БАНАЛНА глупост...